Палминтери: Повеќе од Меѓународен ден на жените, потребен е ден за тоа како мажите да научат да ги почитуваат дамите

March 6, 2026
2 mins read

Лично сум уверен дека, можеби повеќе од Меѓународен ден за правата на жените, ни е потребен и меѓународен ден посветен на тоа мажите да научат како да ги почитуваат жените, порача денеска италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери во воведното обраќање на тркалезната маса на тема „Зајакнување на женското лидерство во општеството, економијата, ИКТ и културата“, која се одржа во организација на Италијанската амбасада во Скопје.

Палминтери, истакна дека целта на настанот е да се промовира женското лидерство и да се истакне придонесот на сите силни жени кои секојдневно придонесуваат во професионалниот живот и во сите аспекти на општеството.

Тој се осврна и на трагичниот настан што се случи пред неколку дена – смртта на Ивана и нејзината ќерка Кате, посочувајќи дека, како што вчера истакнала и претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието, станува збор за системска грешка. Сепак, нагласи дека тоа не треба да биде пречка да се одбележи Меѓународниот ден на жената, туку повод уште посилно да се зборува не само за насилството врз жените, туку и за еднаквите можности меѓу мажите и жените.

Говорејќи за предрасудите со кои се соочуваат жените, тој посочи дека тие сè уште се бројни и дека воспитувањето и културата на почитување треба да бидат важен дел од општествените вредности.

Италијанската режисерка Барбара Куписти, која во својата работа фокусот го става на социјални прашања и човекови права, зборуваше за предрасудите со кои се соочуваат жените во филмската индустрија.

-Има многу работи што треба да се променат. Има многу жени кои се обидуваат да го направат тоа, но најважно е жените да бидат компетентни кога се на позиции каде што се носат одлуки. Понекогаш ние сме искористени како декорација, само за да се покаже дека има еднаков број мажи и жени, а на крај мораме многу да се бориме за да ги направиме работите како што сметаме дека треба, истакна Куписти.

Таа додаде дека како режисер често мора да се бори за да биде слушната од машките колеги во индустријата.

-Во кинематографијата почнав да работам пред 45 години. Првите 20 години бев актерка и добро знам што значи да се биде жена во оваа професија. Бев тивка, нежна и не можев да ги изразам сопствените мисли, туку морав да се фокусирам да ги наулам  напамет репликите, често пати напишани од мажи. Во еден момент почнав да учам зад сцената како да ги користам алатките на режијата и да раскажувам приказни за луѓе кои немаат глас, не само за жените, туку и за други групи – рече Куписти.

Коосновачот и ректор на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје, проф. д-р Венера Крлиу, нагласи дека образованието е клучната движечка сила за кариерниот развој на жените.

-На нашиот универзитет повеќе од 70 проценти од вработените се жени. Феминизмот отсекогаш се проткајувал низ мојата работа, а образованието е моторната сила за напредокот на секоја жена. Во општеството често се очекува од нас да бидеме добри девојчиња, ќерки, мајки и домаќинки, но ако се споредиме со мажите, тие често имаат полесен пат – рече Крлиу.

Италијанската потпиолковничка Азура Амарати, која во моментов е офицер за врски во КФОР, истакна дека денешниот ден е можност не само да се зборува за постигнатото, туку и за идните можности.

-Во мојата работа имав можност да посетам места како Џибути и Багдад, што ме потсетува колку сум среќна што пораснав во земја каде што имав можност да се образувам и да постигнам резултати. Доаѓам од средина која традиционално се поврзува со мажите, но сум имала среќа да работам со одлични колеги од кои многу сум научила,  рече Амарати.

Експертката за кибербезбедност Анита Никова посочи дека во последните години работи на промени во системот на кибербезбедноста во земјата и дека е важно жените да се поттикнуваат да се едуцираат и да влегуваат во овие области.

Настанот го модерираше Ана Јовковска, а во рамки на програмата за вечерва е најавена и проекција на филмот „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ (Италија/Чиле, 2025) во режија на Барбара Куписти. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Чаир добива современ базен по европски стандарди вреден 1 милион евра

Следно

Песков: Распоредувањето нуклеарно оружје во Финска ќе претставува закана за Русија

Latest from Blog

УНЕСКО: Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата во математика- тоа не е добро

Во 2023 година, уделот на земјите каде што момчињата се побројни од нив достигна ниво невидено во речиси триесет години, истакнува УНЕСКО. „Овој тренд е загрижувачки“, предупредува организацијата на ОН, според која

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата. Осомничениот, во периодот

Иран вели дека е подготвен: Одиме на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година. „Министерството за млади и спорт објави дека нашата
Go toTop