Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

March 5, 2026
1 min read

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки.

„Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“, секоја година традиционално го организира ова чествување со полагање на цвеќе, со што му ја оддаваме почитта нивна, односно преку местото каде што почива Милтон“ рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.

Во негова чест, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија, во име на Општина Битола градоначалникот Тони Коњановски и други делегации, вљубеници во филмската уметност и нивното кинематограферско дело.

 

„Големото Манакиево дело вечно трае“ беше кажано на одбележувањето на годишнината од смртта на Милтон Манаки.
„Чест и задоволство е во име на градот, во име на граѓаните на Битола да се положи свежо цвеќе на великанот на кинематографијата, не само балканската, туку и светската. Тоа и времето и историјата го покажа. Голема благодарност би истакнал до Комуната на власите за она што секоја години го чуваат и негуваат ликот и делото на големите Манаки.

Приказната на браќата Манаки е една од позитивните историски приказни, значајни, не само како што кажав за Балканот, меѓутоа и пошироко и кога ќе ја спомнете Битола несомнено, не можете да го издвоите Манаки од тој историски контекст“ рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Беше спомената и иницијативата посмртните останки на неговиот брат Јанаки да бидат донесени во Влашките гробишта во Битола до гробот на неговиот брат Милтон.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

LSDM: Toshkovski të jep dorëheqje, ka dështuar në mbrojtjen e jetëve të njerëzve

Следно

Д-р Баткоски“ прв во Македонија воведува плазма активација на импланти за побрзо заздравување

Latest from Blog

Почина и шестиот пациент од легионела- болеста се шири низ Њујорк

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 90, објави вчера градскиот здравствен оддел, пренесува ABC News. Според официјалните податоци, од 17 јули не се регистрирани нови случаи. Во моментов, шест лица се хоспитализирани,

Да ѝ помогнеме на Теодора, 24-годишна мајка на бебенце од само 18 месеци

Започна хуманитарна кампања за собирање средства за лекување на 24-годишната Теодора Ампова од Македонија, која веќе неколку месеци води тешка битка со метастатски карцином на ректум, болест која се проширила и на

Коло Муани се враќа во Јувентус за 38 милиони евра

Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ  на позајмица со задолжителна откупна клаузула.  Според Џанлука Ди Марцио, целиот

Болсонаро не смее јавно да се појавува, па настапи како аватар на митингот на син му (ВИДЕО)

Настанот предизвика дебата за тоа како вештачката интелигенција би можела да ја преобликува претседателската трка во најголемата економија во Латинска Америка, пишува Ројтерс. „Ниеден затвор нема да ја замолчи надежта што ја

Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи:
Go toTop