Трајковски: Првиот меч секогаш е важен на почеток на нов квалификациски циклус

March 19, 2023
1 min read

Вечерва нашите репрезентативци го одработија првиот тренинг во пресрет на мечот со Малта, првиот од квалификациите за ЕВРО 2024, кој се игра на 23 март на Арената во Скопје. Се разбира дека вечерва на теренот на ФФМ беа само дел од играчите, утре би требало да се комплетира националниот тим..

Александар Трајковски пред дуелот со Малта изјави и воопшто за стартот на квалификациите:

Имаме нов циклус, навистина се најдовме во тешка група, ја прифаќаме секоја околност и група. Денеска нема аутсајдери сите играат фудбал, сите трчаат, не можеме да кажеме дека ќе биде лесно, не смее да кажеме дека ќе биде лесно. Ќе се подготивме добро, фаворити сме, нашето да го дадеме нашиот максимум против Малта, бидејќи првиот меч е важен во овој циклус, па понатаму здравје да правиме подобри резултати“посочи Трајковски.

Херојот од Палермо кој денеска пристигна од С. Арабија кажа дека убаво е тоа што првиот меч се игра на свој терен:

Убаво е што ќе почнеме на домашен терен, се надевам дека навивачите ќе дојдат во поголем број. Ние треба да покажеме добра игра на терен, а потоа фановите ќе доаѓаат во поголем број. Фоксуот е на три бода, нема да бидеме задоволни со друго сценарио. Трите бода ќе бидат важни на почетокот на овој циклус“ заврши Трајковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Ју-Би-Ес“ ја купи „Кредит свис“за да спречи криза

Следно

Ѓукановиќ не се дава: Знаеме каде е резервоарот за вториот круг, ќе го активираме за конечен триумф

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop