Првични резултати од претседателските избори во Црна Гора: Ѓукановиќ води пред Милатовиќ, трет е Мандиќ

March 19, 2023
1 min read

Според првичните резултати од денешните претседателски избори во Црна Гора, најголем број гласови освоил досегашниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ 37,2 отсто. На второ место е кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ со 26,6 отсто, а трет е кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ со 19,8 отсто.

Алекса Бечиќ од Демократска Црна Гора освоил 11,5 отсто, кандидатот на СДПА Драгиња Вуксановиќ Станковиќ 2,9 отсто, Горан Даниловиќ од Обединета Црна Гора има 1,3 отсто, а независниот кандидат Јован Радуловиќ 0,7 отсто.

Според црногорското изборно законодавство, за да биде избран во првиот круг некој од кандидатите треба да освои над 50 отсто од гласовите.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Претседателот на државата се избира со мандат од пет години.

Право на глас на претседателските избори во Црна Гора имаат 542.154 граѓани.

Изборите денеска ги следеа набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и набљудувачката мисија на Европскиот парламент, како и набљудувачи од локалните невладини организации.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ пред српските медиуми: Косово не е држава, не можеме да потпишеме правен договор

Следно

„Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“: Македонска музика во Барселона пред „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната
Go toTop