НИКОЛОСКИ: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат

March 2, 2026
1 min read

Патот од Фариш до Прилеп не може и не смее да остане црна дупка, па затоа интензивно работиме на соодветно решение за иградба на автопат или експресен пат, а со цел целосна изградба и на Коридорот 10 -д кој ги поврзува Скопје со Атина, истакна во интервју за “360 степени”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“Природно е ние да го завршиме овој проект, затоа што за да се развие Коридорот 10 -д, а тоа е потегот Скопје-Битола-Атина и да се скрати патувањето од Скопје до Атина од сегашни 8 до 8 ипол часа на 5 до 5 ипол часа, што ќе значи комплетно нов однос помеѓу двете држави во делот на трговија и бизнис, ние мора овие 25 км да ги завршиме”, објасни вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот ги потенцираше и моменталните активности од македонска и грчка страна, како дел од заедничките заложби и посеветеност Коридорот 10 -д целосно да заживее во иднина.

“Грците интензивно работат на нивна страна, од граница, преку Лерин кон Кожани се работи автопатот, ние интензивно работиме на наша страна автопат од Прилеп до Битола. Втора фаза е обиколница на Битола-Жабени и граничен премин. Од друга страна се изгради делот кој што оди Градско-Дреново-Фариш и не може да остане црна дупка делот од Фариш до Прилеп или популарниот Плетвар и најдобро е да се реши со автопат”, додаде Николоски.

Според вицепремиерот, дали потегот од Фариш до Прилеп може да се изгради во автопат, одлуката останува на стручни лица да го дадат одговорот, имајќи во предвид дека се работи за многу комплициран терен.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Богатите во бегство од Дубаи- приватните летови достигнаа астрономски цени

Следно

Фантастичен гол на Сатриано: Хетафе го “тресна“ Реал на “Сантијаго Бернабеу“!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop