Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

March 2, 2026
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата.

Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на законодавството во областа на внатрешните работи, при што беше истакната активната улога на Македонија како потписничка на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба. На средбата беше нагласено дека нашата држава претставува водечки пример и референтна точка за земјите кои сè уште не пристапиле кон овој механизам.

Министерот Тошковски ја потенцираше важноста од системски пристап во детектирањето и намалувањето на ризиците од корупција во безбедносниот сектор, како и значењето на регионалната соработка и размената на искуства.

„Борбата против корупцијата е еден од нашите врвни приоритети. Преку зајакнување на интегритетот на институциите, унапредување на законодавната рамка и користење на современи механизми за проценка на ризици, создаваме систем во кој корупцијата станува сè потешка, поскапа и неисплатлива. Поддршката и експертизата на РАИ во овој процес имаат значајна улога, а Министерството за внатрешни работи останува силно посветено на развој на ефикасни и одржливи антикорупциски политики“, истакна министерот Тошковски.

На средбата беа разгледани и конкретни можности за идна соработка преку заеднички активности, обуки и проекти насочени кон јакнење на превентивните и репресивните механизми во справувањето со корупцијата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова се мајката и ќеркичката кои скокнаа од зграда во Скопје: Мојата внука и мојата сестра се жртви на системот, вели нејзиниот брат

Следно

Богатите во бегство од Дубаи- приватните летови достигнаа астрономски цени

Latest from Blog

Кинеска крајбрежна стража со водени топови пука во филипински бродови (ВИДЕО)

Филипинската крајбрежна стража ја обвини кинеската крајбрежна стража дека пукале со водени топови врз филипинските владини бродови во близина на спорниот Скарборо Шол, втор ден по ред, што е трет судир меѓу

Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

Откако во Гостивар беше прогласена епидемија на цревни инфекции поради загадената вода од градскиот водовод, можна е појава и на жолтица како последица, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Од Комисијата велат

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите
Go toTop