Screenshot

МФ: Раст од 179,7% на капиталните инвестиции во првите два месеци од годината

March 2, 2026
1 min read

2 март 2026, Скопје – Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година споредбено со тој период во 2025 година. Согласно податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 февруари во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари што претставува раст од 179,7% или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година во споредба со двата месеца од 2025 година има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 милијарда денари.

Во Буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари. Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, со Буџетот е планиран износ од 2,1 милијарда денари за реализација на капитални проекти во општините.

Од планираните 40,1 милијарда денари во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарди денари или 20,12% од предвиденото.

 

Имено, реализацијата на Буџетот во првите два месеца од годината е согласно планираното.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Ваучери за инвертер клими за ранливи домаќинства

Следно

Општина Битола објави повик за членови на Советот за женско претприемништво

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop