Меџити: Засилена меѓуопштинска соработка со Турција

March 1, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со градоначалникот на општината Каѓитане од Истанбул, Мевлут Озтекин, придружуван од негови соработници и советници.

Како што информира Меџити, Каѓитане важи за една од најдинамичните и стратешки значајни општини во Истанбул, што го прави воспоставувањето на партнерство важен чекор за идниот развој на Чаир.

На средбата се разговарало за унапредување на меѓуопштинската соработка, размена на институционални искуства и реализација на заеднички проекти, со посебен акцент на соработката со граѓанскиот сектор. Притоа, била истакната важноста од иницијативи кои го поддржуваат локалниот развој, културата и младите.

 

Средбата, според Меџити, поминала во конструктивна атмосфера и резултирала со зацврстување на заложбите за конкретни проекти кои ќе ги продлабочат врските меѓу двете општини и ќе донесат видливи резултати за граѓаните.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Следно

Дали повредата на Роналдо е толку сериозна што го става настапот на СП 2026 под знак прашалник?

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop