Од понеделник започнува Велигденскиот пост – време на покајание, молитва и духовно обновување

February 22, 2026
1 min read

Од понеделник, ден по празникот Прочка, започнува Велигденскиот пост, посветен на духовната подготовка за празникот над празниците – Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.

Велигденскиот пост трае седум недели, односно 48 дена – од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница, затоа што по првите 40 дена следува последната седмица пред Велигден, позната како Страдална или Страстна седмица, која е посветена на споменот на предавството, страдањата, распнувањето и погребението на Господ Исус Христос.

Постот претставува време на соединување со Бога преку причестување, заедничарење и благодарење, односно преку светата Евхаристија. Неговата смисла е духовно очистување и подготовка за најголемиот христијански празник. Верата во воскресението е темел на христијанството, а Велигденскиот пост е пат кон тоа духовно искуство.

Историски, постот имал две цели: крстените верници да се подготват за Велигден, а оние што требало да бидат крстени на Велигден – во текот на постот да бидат поучувани во верата и огласени за крштение.

Во однос на начинот на постење, вообичаено се пости на вода, освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.

Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите. Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.

Црквата предвидува и можност за ублажување на постот за болни, немоќни, деца до седумгодишна возраст, лица во поодмината старост, бремени жени, доилки, патници и лица во специфични животни околности. За такво олеснување се бара благослов од свештенослужител, при што никогаш не се дозволува консумирање месо.

Но, постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.

Затоа, во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.

Целта е доброто да стане навика и начин на живот. Велигденскиот пост не е само подготовка за празникот, туку можност за духовно зајакнување и преобразување, за да се дочека Воскресението Христово со чисто срце и обновена вера.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонците лани уплатиле 2,8 милијарди евра во коцка: Казината и кладилниците „проголтале“ рекордни суми пари

Следно

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Latest from Blog

ВЛЕН: Уште еден поранешен министер на ДУИ без резултати за студентите

Коалицијата ВЛЕН упати критики кон поранешниот министер за правда Билен Салији, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не презел конкретни чекори за воведување на правосудниот испит на албански јазик. Од

САД извршија НАПАДИ ВРЗ ИРАНСКИ ВОЕНИ ЦЕЛИ

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, оценувајќи дека станува збор за одбранбена акција преземена како одговор на неодамнешното соборување на американско беспилотно летало. Централната команда на

Каква е состојбата на патиштата?

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна,

Вучиќ за Breitbart: „ТРАМП Е МНОГУ ПОПОПУЛАРЕН ВО СРБИЈА ОД БИЛО КОЈ ДРУГ АМЕРИКАНСКИ ЛИДЕР“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американскиот Breitbart News, кое американскиот претседател Доналд Трамп го сподели на својата социјална мрежа Truth Social, изјави дека Трамп е убедливо најпопуларниот политички лидер

Многу најавуваната реконструкција на Владата – „Журнал“ објавува детали од политичките кругови

Додека се приближува рокот за најавената реконструкција на Владата во текот на јуни, во владините кругови се интензивираат разговорите за можни кадровски промени и прераспределба на одредени ресори меѓу коалициските партнери. Извори
Go toTop