Мицкоски: Предвремени парламентарни избори нема да има

February 19, 2026
2 mins read

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

-Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека тхеничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабила влада, дајте испоралчувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи – рече Мицкоски вечерва во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да ги обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат.

-Еве локалните избори се доволен доказ. По локалните избори, не треба мене да ми веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, го укинаа постмониторингот за Макеоднија. Еве не треба мене да ми веруваат. Не треба на никој да му веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, која е европска институција. Тој вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да си обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат. Да бидеме реални.Тоа е политиканство. Важно е, затоа што е дел од процеси кои ќе следат – рече тој.

Потенцира дека суштината е оти опозициската СДСМ сакаат да политизираат по принципот поларизирај.

-Ние бевме многу јасни пред претходните парламентарни избори во 2024 година, јас кажав дека сме за укинување на техничката влада. Ние влегуваме во еден таков чуден вртлог, континуиран. Еве јас прифатив – реков нејќам техничка влада. Ако тие сакаат да изберат премиер Албанец, не мораше техничка влада, можеше да имаат легитимна влада. Демократијата вели дека кој го има мнозинството, тој прави влада. 61 во парламентот прават влада. Пораките од народот се многу јасни – дека од оваа влада не се очекува политикантство, туку работа. И тоа го правиме – рече тој.

Мицкоски нагласи дека процесот со реконструкцијата на Владата очекува да заврши најдоцна до јуни.

-Јас веќе има изградено свој став, не велам дека немам. Но, сакам да седнам со коалициските партнери и да разговараме. Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес – рече тој.

Премиерот не сакаше да ги коментира последните превирања во ВРЕДИ. Потенцира дека е одлична атмосферата на владините седници и помеѓу колегите.

-Не е културно јас да ги коментирам. Не очекувам да се наруши атмосферата. Оваа влада ја започнавме заедно. Соработуваме одлично со колегите од коалицијата ВРЕДИ, со ЗНАМ, со останатите коалициски партнери, со внатрешните партнери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Владата. Атмосферата на владините седници и помеѓу колегите, би рекол дека е одлична – истакна премиерот Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија, да пристапат кон ЕУ уште во 2027, да седнат на масата но без право на глас

Следно

На свештеник му се слоши, па се исповрати врз претседателот на државата: Не можев да се воздржам (ВИДЕО)

Latest from Blog

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Руската армија соопшти дека во период од три часа нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле вкупно 148 украински беспилотни летала, додека во делови од погодените области се работи на обновување на снабдувањето

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, најави Министерството за внатрешни

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која
Go toTop