Ѓорѓиевски: По речиси три децении запоставеност сообраќајната артерија „Перо Наков“ конечно добива третман каков што заслужува

February 19, 2026
1 min read

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, објави синоќа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

♥️ Се работи и навечер, за наше Скопје!

🌙 Додека градот мирува, машините не запираат.
Вечерва интензивно се работи на…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Wednesday, February 18, 2026

-Се работи и навечер, за наше Скопје! Додека градот мирува, машините не запираат. Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање. По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува – истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека завршува времето во кое делницата, што секојдневно ја користат илјадници жители со години била во катастрофална состојба и претставувала сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

-За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие. Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи – нагласи во објавата градоначалникот.

Тој додаде дека дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.

-Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните. Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град. Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив. Најдоброто, доаѓа! – истакна Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апел за помош – Донирајте за Никола да се врати во Македонија, му претстои долга рехабилитација

Следно

Хоџа: Регионалната соработка е клучна за заштита на животната средина

Latest from Blog

„Л’Екип“ вели: Олисе веќе има донесено одлука да замине во Реал Мадрид

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти

Претседателот на Аргентина одби да отпатува на финалето на Мундијалот поради суеверие: Апсолутно не!

Тоа е аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој потврди дека нема лично да ја бодри својата репрезентација додека се бори за светската титула. Милеи откри дека неговата одлука е донесена од сосема лични

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина
Go toTop