Владата избра 9 нови амбасадори

February 17, 2026
1 min read

Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница. Како што дознава Сител од свои извори, нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ.

Останатите амбасадорски имиња се дипломати од кариера кои со години работеле во МНР. Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска која во моментов е дел од кабинетот на министерот Муцунски. Таа зад себе има речиси 20 години дипломатска кариера и бројни мисии во дипломатските претставништва низ Европа. По комплетирањето на процедурите, таа треба да биде новиот македонски амбасадор во Хаг.

Согласно законот, сите 9 имиња пред да станат амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во комисијата за надворешна политика по што Претседателката Сиљановска ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија. Списокот на нови амбасадори, според нашите извори е веќе усогласен меѓу Претседателката Сиљановска, Министерството за надворешни работи и Владата.

Покрај деветмината амбасадори, Владата денеска одлучила да именува и две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.

Од претходно, познати се имињата на Веле Трпевски како амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадиљ Зендели во Копенхаген. И тие чекаат за одбрана на своите тези во Собранието.

По комплетирањето на сите процедури, бројот на дипломати испратени во мандатот на Муцунски ќе достигне 18. Од нив, над 60% или вкупно 11 амбасадори и конзули се дипломати од кариера, што е во насока на заложбите за професионализација на дипломатската мрежа и во согласност со новиот закон за надворешни работи кој предвидува најмалку половина од амбасадорите да бидат професионални дипломати.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатно:Ист судија, ист фаул, на Барса поништен гол а против неа – се е регуларно!(ВИДЕО)

Следно

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop