Проданоски: Крај на застојот, Прилеп отвора простор за развој

February 17, 2026
1 min read

Прилеп подготвува текстуални измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) со цел да се овозможи континуитет во издавањето градежни дозволи и да се поттикне економскиот развој на градот. Со измените, на стариот ГУП кој важеше до 2023 година би му се продолжил рокот до донесувањето на нов урбанистички план, чија изработка може да трае од 24 до 36 месеци.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, посочи дека во изминатите години биле издадени мал број градежни дозволи поради неусогласеноста меѓу ГУП и деталните урбанистички планови. „Во последните осум години, на прсти се бројат издадените градежни дозволи. Тоа директно влијаеше врз економијата. Започнавме процес на измена на текстуалниот дел на ГУП за да нема застои, легално да се издаваат дозволи и да се ослободи просторот за градење. Немаме повеќе време за чекање“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека измените не се косат со законската регулатива и ќе овозможат ГУП да функционира до изработката на новиот план, за кој очекува да биде подготвен до крајот на мандатот. Според него, со овие измени ќе се зголеми интересот за инвестирање во Прилеп.

Од Секторот за урбанизам информираат дека доколку лани биле издадени околу 100 градежни дозволи, годинава бројот би можел двојно да се зголеми. Интересот е поголем кај физички лица, додека одобренијата најчесто се однесуваат на индивидуално и колективно домување и стопански објекти.

Во моментов во постапка на донесување се 18 детални урбанистички планови (ДУП) за градот Прилеп, како и уште 29 ДУП-ови за околината и населените места.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

Следно

ЛШ: Нов чин од пресметката Бенфика – Реал, француска пресметка во Монако

Latest from Blog

Коњановски испрати порака за единство и хуманост по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека

Десетици луѓе се убиени во израелски напади низ јужен и источен Либан

Најмалку 21 лице загина во последните напади, вклучувајќи неколку деца, соопшти либанско министерство за здравство.Израелската војска информираше  дека погодила повеќе од 100 инфраструктурни објекти , а убиени се и борци на Хезболах

Младиот пејач Дамјан Стоименовски приреди вечер за паметење

Младиот пејач Дамјан Стоименовски викендов одржа настап пред бројна публика, приредувајќи вечер исполнета со емоции, познати хитови и одлична атмосфера. Со внимателно одбран репертоар и придружба од млад бенд, Дамјан изведе песни

Коњановски: Курбан Бајрам нека донесе мир, разбирање и напредок за сите граѓани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба. Во својата порака, Коњановски истакна дека
Go toTop