НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

February 14, 2026
1 min read

Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство.

„Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да преживее бидејќи двете големи војни од минатиот век служат како постојан потсетник дека на крајот нашата судбина е и засекогаш ќе остане испреплетена со вашата“, порача Рубио.

Тој ги потенцира долгогодишните историски врски меѓу САД и Европа тврдејќи дека неговата земја посакува сојузници доволно силни никој да не може да ги тестира.

Руби рече дека и покрај наводите за крај на трансатлантската ера, тоа не е цел на САД.

„И денеска сум тука за јасно да кажам дека Америка го отвора патот за нов век на просперитет. И дека уште еднаш сакаме да го направиме тоа заедно со вас, наши драги сојузници и наши најстари пријатели“, кажа американскиот државен секретар.

Рубио во говорот се осврна и на миграцијата, која според него ја дестабилизира и Европа.

„Масовната миграција не е и никогаш не била мал периферен проблем. Таа била и продолжува да биде криза што ги трансформира и дестабилизира општествата низ целиот Запад“, рече Рубио.

Тој наведе дека САД, под водство на претседателот Доналд Трамп повторно ја преземат задачата за обнова и реконструкција и бараат сериозност и реципроцитет од пријателите во Европа.

„Бидејќи ние во Америка немаме интерес да бидеме полицајци и набљудувачи на контролираниот пад на Западот. Не се стремиме да разделуваме, туку да ги оживееме старите пријателства и да ја обновиме најголемата цивилизација во човечката историја“, рече Рубио во неговиот говор.

Тој најави и дека САД ќе продолжат да се залагаат за мировен договор во Украина, но мора да се осигураат дека Русија навистина сака да ги запре борбите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

Следно

Меџити: Чаир добива четирилентен булевар со зелени појаси и велосипедски патеки

Latest from Blog

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop