Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

February 14, 2026
1 min read

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им добар род и стабилни, повисоки откупни цени.

Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците и дека субвенциите се целосно исплатени за сите кои макотрпно работат и произведуваат. Според него, тоа треба да биде дополнителен мотив и стимул за новата производствена сезона.

„Се надевам дека ова ќе биде поттик за уште подобра и поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Цените кои што можат да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе имаме уште поголеми цени, и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што мора трудот да се цени и мораме да стимулираме домашно производство“, порача Николоски.

Вицепремиерот посочи дека особено радува фактот што македонските компании стануваат сѐ поконкурентни на меѓународниот пазар. Како пример ја посочи својата неодамнешна посета на Париз, каде, како што рече, македонските винарии рамноправно се натпреварувале со најдобрите европски производители.

„Навистина беше гордост да се биде таму и да се види како нашите винарии рамо до рамо стојат со најдобрите во Европа“, изјави Николоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, оценувајќи дека таа е клучна за полесна комуникација и економски развој. Притоа истакна дека Владата целосно ја поддржува амбициозната агенда на градоначалничката, најавувајќи интензивирање на активностите со почетокот на градежната сезона.

„Очекувам бројни започнати проекти да бидат завршени, а паралелно да отпочнат и нови“, рече Николоски.

Посетата на Неготино по повод Св. Трифун беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Следно

НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

Latest from Blog

Проданоски: Младите спортисти се најдобрите амбасадори на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, им честиташе на младите спортисти за нивните успеси, истакнувајќи дека секоја освоена победа е резултат на дисциплина, истрајност и силен тимски дух. Тој нагласи дека нивните

Роналдо: Заслуживме да победиме! Модриќ е вистинска легедна!

Фото: ФИФА Х Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, ги сподели своите впечатоци по пласманот во осминафиналето. Роналдо го постигна првиот гол за својот тим во победата од 2-1 над Хрватска.

УЖАС ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ОН – Маж се самозапали и почина

Маж кој носел тибетско знаме се самозапалил пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а подоцна им подлегнал на тешките изгореници, соопштија американските власти. Полицијата интервенирала по повик на бројот 911 околу

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на
Go toTop