Костадиновска-Стојчевска: Буџетот за култура да се уреди со закон

March 18, 2023
1 min read

Буџетот за култура треба да е уреден со закон за да не се крати за културните проекти. Кратењето на буџетот е заради обезбедување на платите на културните работници согласно Колективниот договор што изнесува 51,3 отсто, и е заслужено бидејќи 15 години се бореа за своите права, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во гостувањето во емисијата „Стадион” на радио Канал 77 Костадиновска – Стојчевска додаде дека сите аномалии со бодувањето и доделувањето на платите во минатото се спроведува согласно со закон и вреднување на работата на уметниците и културните работници.

На прашањето за обивањето на просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и за различните реакциите од страна на Бугарија, министерката рече дека се слушнала со Антонија Велева, директорка на Центарот и ја уверила дека Центарот не треба да е мета на напади.

– Навистина имаме плодна културна соработка со Бугарија, нашите уметници континуирано учествуваат на фестивали и манифестации во Бугарија и обратно така што јасно е дека културата нема граници, рече министерката.

За поплавата во МНТ, според Костадиновска–Стојчевска оваа најпрестижна театарска институција во земјава заслужува да биде сместена во квалитетно изграден објект.

-За жал, иако станува збор за релативно нов објект, заради поплавата техничкиот директор мораше да плива во водата за да ја склучи струјата. За да се испумпа водата моравме да побараме помош од другите министерства. А станува збор за релативно нов објект. Центрите за култура во Струмица и во Битола пак, започнуваме да ги реновираме оваа година. Имаме објекти кои се изградени пред десетина години и се распаѓаат, но ниту една институција не ја оставаме, туку од година во година сите плански ќе ги реновираме, затоа што во секој град секоја културна сцена заслужува да биде реновирана и модерна според светски стандарди, рече Костадиновска-Стојчевска, се посочува во соопштението од Министерството за култура.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Како во најдобрите денови: Роналдо со голчиште од слободен удар! (ВИДЕО)

Следно

Халанд со нов хет-трик го откажа Барнли и најави полуфинале за Сити (Видео)

Latest from Blog

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната
Go toTop