Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

February 9, 2026
1 min read

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“.

Овој простор е наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.

Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Предвидено е меморијалот да има максимална висина до три метри, иако претходно ваков објект не бил опфатен во урбанистичките планови.

Со добиената одлука, здружението добива можност да започне со активности за уредување на просторот без потреба од класична градежна дозвола.

Во наредниот период ќе се работи на прибирање на потребната документација, како и на обезбедување финансиски средства преку донации, поддршка од компании и хуманитарни настани.

Членови на ЗГ „16 март 2025 Кочани“ посочуваат дека целта е меморијалот да биде изграден во најкус можен рок и да претставува достоинствено место за сеќавање.

Во почетната фаза ќе се поднесе барање до Министерството за култура за одобрување на идејно решение, инспирирано од симболот на бесконечноста.

Проектот предвидува уредени патеки, амбиентално осветлување, клупи, фонтана, статуа на Богородица, како и камени плочи со имињата на 63-те жртви.

За реализација на идејното решение е најавена финансиска поддршка од Владата во износ од два милиони денари, а дополнителни средства за спроведување на проектот ќе се обезбедуваат преку хуманитарни активности.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Следно

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop