Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

February 8, 2026
1 min read

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.

„Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. За првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор“,  истакна Минчев.

Тој појасни дека Предлог-законот е изработен од интерресорска работна група, предводена од Министерството за јавна администрација, со учество на Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

-Законот се однесува исклучиво на директорите, заменик-директорите, членовите на управните одбори и државните секретари, кои се двигатели на институционалната стабилност и континуитетот во работата на институциите. Клучните новини се содржани во три пункта: воведување мерит-систем со постапка и јасни критериуми за избор, рационализација на управните одбори и строга регулација на В.Д. функциите, изјави министерот.

Минчев посочи дека бројот на членови во управните одбори ќе биде ограничен на максимум три, со што се прават значителни заштеди во државниот буџет и се прекинува досегашната пракса на нефункционални и преобемни управни тела.

-Со овој закон се става крај и на злоупотребата на В.Д. функциите, кои со години се користеа како механизам за заобиколување на системските решенија. Наместо привремени и политички решенија, воведуваме јасна, законска и професионална постапка,  посочи тој.

Минчев нагласи дека целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Следно

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Latest from Blog

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност

„Неговата состојба е сериозна, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот и тој е свесен“, изјави неименуван извор. Генерал-потполковник Алексеев, прв заменик-началник на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во станбена

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што

Шокантно откритие: Советник на министер влијаел на обвиненија, тврди обвинителката Кадриу

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да
Go toTop