Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

February 3, 2026
1 min read

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов јавен обвинител, истакнувајќи дека судството е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Владата.

„Судството е еден од големите предизвици со коишто се зафати оваа Влада, истражувањата знаете 2% доверба и огромната недоверба во судството претставуваше значаен проект со кој требаше да се зафати оваа Влада и затоа реформите во судството се дел од реформската агенда, како што рековме Законот за судски совет којшто го поминавме и усогласен со препораките од Европската комисија и со Венецијанската комисија понатаму во овој пакет е и Законот за јавни обвинители и нови правила за избор на јавни обвинители“, вели Лефков.

Пратеникот Лефков во емисијата истакна дека измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор се од суштинско значење за зголемување на одговорноста и транспарентноста на судството.

„Ние покажавме во изминатиот период дека одговорен за состојбите во јавното обвинителство и тоа според Законот за јавни обвинители е токму јавниот обвинител, и со таквиот пристап којшто го имаме конечно се повикуваат на одговорност дека треба да се грижат за уледот на институцијата која што ја водат, а ќе ве потсетам дека и извештаите што ги доставуваа и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители беа само налик на одредени статистички истражувања во кои се нотираше број на предмети по кои се постапувало без навистина да се влегува во содржината и суштината. Со овие измени на Законот за јавни обвинители како и со менување и нови правила на избор на јавни обвинители ќе треба да се зголеми одговорноста, транспарентноста, меѓутоа и самите критериуми за избор“, рече Лефков.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Следно

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop