Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

February 3, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција на Македонија како единствена држава во регионот каде се вкрстуваат двата клучни европски коридори.

Денеска во Дубаи, во рамки на Светскиот самит за влади, бев говорник на панел-дискусијата „ Следниот логистички поредок: Што мора да се промени?“. Во денешниот глобален политички пејзаж единственото што е предвидливо е непредвидливоста, па затоа наместо да реагираме само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да градиме долгорочна способност за адаптација, рече Муцунски.

Муцунски нагласи дека диверзификацијата е клучна алатка за управување со ризици – да не зависиме исклучиво од една индустрија, рута или пазар.

„Потребни се поинтензивен меѓувладин дијалог, побрзи одговори на глобалните предизвици и политики што ќе создадат услови бизнисите да бидат поефикасни, поконкурентни и подготвени за раст. Бизнис-заедницата бара поедноставени процедури, брзина и предвидливост, а примерите од Обединетите Арапски Емирати потврдуваат дека прилагодливото законодавство и современите административни алатки директно го поддржуваат економскиот развој“, посочи министерот.

Муцунски говореше и за стратешката позиција на нашата држава како единствена во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10 – значајна развојна предност.

„Затоа активно инвестираме во енергетската безбедност и поврзаноста, вклучително и преку интерконекторите со Грција и Србија. Диверзификацијата, силната инфраструктура и јасното разбирање на нашата улога во регионалните и глобалните текови се темел за долгорочна економска стабилност и просперитет“, истакна Муцунски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за енергетика: Воведуваме ред таму каде што СДСМ остави хаос

Следно

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop