Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

February 2, 2026
1 min read

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во гостување на емисијата „360 степени“ ма МТВ, Димитриеска-Кочоска истакна дека платата на ниту еден работник никогаш не е доволна и секогаш треба да биде повисока, но постојат економски правила кои мора да се земат предвид.

-Нека седнат да се договрат меѓусебе колку можат да носат товар работодавачите, зашто тие треба да ги исплатат платите. Кажете ми каде во светот државата ги покрива платите на приватниот сектор? Владата може да ги покрива платите на администрацијата, а тука станува збор за приватниот сектор. Не можеме да ги мешаме работите. Пензионерите се дел од Буџетот, исто и платите на администрацијата. Ние ги зголемивме платите во здравството, образованието, МВР,…, се погриживме за нашите вработени. Ова е дијалог што треба да го водат работодавачите и работниците. Владата вели – „ние го поставивме законот, ако сметате дека треба да одиме надвор од законот, договорете се“, објасни министерката.

На прашање зошто Владата не се водеше од истата логика и за одлуката за зголемување на пензиите линеарно за пет илјади денари иако постоеше закон што предвидуваше како се прави усогласување, Димитриеска-Кочоска одговори дека има разлика, бидејќи пензиите биле предизборно ветување.

-Тоа е програма што ја гласало мнозинството на граѓани кои излегле да гласаат на изборите во 2024 година. Што значи дека граѓаните поддржале таков предлог. Зголемувањето на пензиите со политичка одлука и барањето на ССМ за минималната плата се различни работи, рече министерката.

Потенцира и дека во однос на минималната плата има закон и тоа е ставот на Владата.

-Владата во моментот вели дека Законот за минимална плата е тој што е бо сила. Кај пензионерите, ние не го зголемуваме купот. Сега, ние го зголемивме во програмата со ветувањето 5 000 денари за секој пензионер, па потоа се вративме на постоечкиот закон. Меѓутоа, и таму кажавме линеарно. Вкупниот износ на пензии што ги даваме, не ги променивме. Во конкретнава ситуација, остануваме на постоечкото законско решение. Начинот како ги префрламе средствата, појасни Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали ќе се зголемат платите на функционерите овој месец, Димитриеска-Кочоска рече дека нема таква информација и дека не знае дали тоа ќе се случи или не. Не го открива нејзиниот личен став зашто, како што напомена, многу пати во минатото бил злоупотребуван.

-На Влада не е ништо дискутирано, не сум ресорен министер одговорен за платите на функционерите и ќе Ве замолам ова прашање да го упатите до ресорното министерство, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Следно

Илјадници евакуирани: „Ова стана град на духови“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop