Битола прва во Македонија со електронско гласање во Советот

January 29, 2026
1 min read

оветот на Општина Битола денес ја одржува 5-та редовна седница на која се започна со примената на новиот електронски систем за гласање и на пленарните седници. Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, истакна дека со ова Битола станува прв пример во земјата за воведување на електронско гласање на општинско ниво.

„Со воведувањето на новиот електронски систем за гласање, граѓаните и советниците конечно имаат целосен и прецизен увид во работата на Советот. Секој граѓанин може да види кој советник бил присутен на седницата и како гласал за секоја точка од дневниот ред. Гласањето јавно се прикажува на монитор во салата, а како дел од записникот има детален извештај од секое гласање, кој се архивира и е достапен за јавноста“, објасни Бојкоски.

Тој нагласи дека ова е значителен напредок во транспарентноста и отчетноста на работата на Советот. Додаде дека во минатото записниците покажувале само бројки – колку гласале „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАНИ“ – без можност да се види кој советник како гласал. Со новиот систем, таа нејаснотија станува минато.

 

Воведувањето на електронското гласање се гледа како чекор кон поголема транспарентност и засилена доверба на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

Следно

Советот на Општина Битола започна со електронско гласање на седниците

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop