Screenshot

Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

January 29, 2026
2 mins read

Binance, една од најголемите светски крипто-берзи, го гледа Западен Балкан како еден од најдинамичните пазари со висок раст, поттикнат од растечкиот интерес за дигитални средства, млада и технолошки образованапопулација и регулаторни рамки што брзо се развиваат низ регионот.

Во интервју за Bloomberg Adria, Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер на Binance за Балканот, изјави дека позицијата на Западен Балкан „меѓу Европската Унија и Централна и Источна Европа“ го прави клучен коридор за иновации и долгорочен развој на екосистемот.

Тој додаде дека, како што регулативата созрева, Binanceгледа сè поголем простор за партнерства со универзитети и технички факултети, инкубатори и акцелератори, финансиски институции, како и јавни и регулаторни тела.

 

Посветеноста на Binance кон регионот се рефлектира во низа локално приспособени иницијативи, вклучувајќи го и Balkans Trading Challenge, кампања на Binance Futuresлансирана во август 2025 година со награден фонд од 14.000 USDT, наменета исклучиво за квалификувани корисници од регионот и организирана во тимски формат со награди поврзани со обемот на тргување и перформансите.

Во текот на 2025 година, компанијата организираше и повеќе од десет заеднички (community) средби и одбележа активности како BTCPizzaDay, а најсилен акцент стави на програмата Learning Labs, реализирајќи повеќе од 15 сесии не само во големите центри, туку и во помалите градови низ Западниот Балкан.

Според Слукан, корисничката база на Binance низ регионот во голем дел е составена од помлади, високо дигитално писмени лица, најчесто во дваесеттите и триесеттите години кои крипто го гледаат и како инвестициски канал и како двигател на иновации.

Интересот сè повеќе се шири и надвор од големите градови, бидејќи средбите поврзани со Binance во Сараево, Скопје и други регионални центри привлекуваат разновидна публика, од студенти и програмери, до сопственици на мали бизниси и трговци што укажува на широко прифаќање надвор од традиционалните урбани средишта.

Едукацијата останува централна во пристапот на Binanceна Западниот Балкан. Слукан ја истакна Binance Academyкако глобална платформа, основана во 2018 година која нуди повеќе од 1 000 статии, глосар и структурирано учење за блокчејн, крипто, DeFi, Web3 и тргување на повеќе од 30 јазици.

Во регионот, ова се надополнува со живи (live) LearningLabs и заеднички настани што обезбедуваат бесплатни, практични сесии за основите на блокчејн, основите на тргување и најдобрите практики за безбедност, со постепено понапредна содржина за трговци, програмери, претприемачи и финансиски професионалци.

Binance наведува дека нивната комуникација нагласува одговорна употреба, истакнувајќи ја волатилноста, управувањето со ризик, регулативата и безбедноста, со цел да се изгради одржлива и информирана корисничка база на различни нивоа на финансиска и дигитална писменост.

Гледано напред, Binance очекува градењето на заедница (community building) на Западен Балкан да продолжи преку комбинација од регионални иницијативи, едукативна ангажираност и прекугранични заеднички мрежи, додека се проширува соработката со академијата, иновациски центри, финансиски институции што истражуваат токенизација и блокчејн-инфраструктура, и каде што е соодветно јавни и регулаторни чинители што бараат техничка експертиза за политики поврзани со дигитални средства.

За говорникот

Сандро Слукан,
Регионален лидер за маркетинг за Балканот

Сандро Слукан е професионалец во маркетинг и комуникации со повеќе од 10 години искуство во брендирање, градење заедници и односи со јавност во Web3, финтек и индустријата за забава. Се приклучи на Binance во 2024 година и моментално ги води регионалните и заедничките активности низ Балканот, покривајќи клучни пазари како Хрватска, Словенија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Албанија.

Во Binance, Сандро имаше значајна улога во изградбата на силни „grassroots“ крипто-заедници преку ангажирачкикампањи, едукативни работилници и партнерства со клучни мисловни лидери и институции.

Пред Binance, Сандро имал стратешки маркетинг позиции и во стартапи и во етаблирани компании, водејќи големи регионални кампањи и лансирања на производи. Исто така, има обемно искуство во настани и индустријата за забава, управувајќи со креативна насока и големи продукции.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Николоски: Хрватска останува наш гласен сојузник на европскиот пат

Следно

Битола прва во Македонија со електронско гласање во Советот

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop