Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

January 28, 2026
1 min read

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години. Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат, вели тој.

Манасиевски порачува дека лицемерието на ССМ и Слободан Трендафилов е разоткриено.

-Додека од една страна глуми загрижен за работниците, за нивните права и за нивните плати, од другата страна докажува колку навистина му е грижа за работникот со тоа што го одбива предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите во висина од 40%. ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа. На ССМ и Трендафилов не им е до зголемените плати на работниците, туку до тоа да и им наштетат на државата, а со тоа и на Владата што е можно повеќе. Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест, вели тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Стратешко партнерство со УНДП за чиста и одржлива енергија

Следно

САД: Епидемијата на сипаници во Јужна Каролина продолжува да се шири

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop