Курти за ЗСО: Србија сака кафе без филџан

March 17, 2023
4 mins read

Косовскиот премиер смета дека не може Белград да бара Заедница на српски општини кога секој ден повторува дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Да бараш формирање на каква било заедница во држава која не ја признаваш, вели тој, е исто како да побараш кафе без филџан. А, кафе без филџан не е можно, порачува Курти

Покрај исполнување на договорот за ЗСО, косовскиот премиер инститира подеднакво да им се даде значење и на другите договори што ги потпишале Приштина и Белград, а се вкупно 39

Косовскиот премиер Албин Курти во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ порача дека не ја негира Заедница на српски општини (ЗСО), која е едно од клучните барања на Белград во преговорите со Приштина, но порача дека Србија не може да ја бара во ситуација кога секојдневно повторува дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

За уставноста на договорот за ЗСО, тој го потенцира тоа што Уставниот суд на Косово утврди дека 23 члена не се во согласност со Уставот на неговата земја.

„Не 2-3 члена туку 23 члена не се совпаднале со него додека првите 6 точки од 15 се за Заедницата, следните точки се за интеграција на паралелните структури на Србија во институциите на државниот систем на Косово, што имаше истакнат регрес од 5 ноември минатата година па наваму кога Белград им даде наредба за колективни оставки на четири градоначалници на север, десет пратеници на Српската листа во парламентот и над 400 полицајци во четири северни општини“,

вели Курти.

Тој нагласува и уште една, според него, важна точка која предвидува дека Косово и Србија нема да се попречуваат меѓу себе во евроинтеграциите, за што Курти го обвинува Вучиќ за непочитување.

„Што направи српскиот претседател лани, на 10 декември, иронично, на Меѓународниот ден на човекови права – испрати писма до пет држави што не ја признале државата – Шпанија, Словачка, Грција, Романија и Кипар да не ја прифатат службената апликација на Косово за членство во ЕУ, што јас ја испратив пет дена подоцна, на 15 декември во Прага, бидејќи Чешката Република претседаваше со Советот на ЕУ. Значи, најпосакуваниот договор за нив за кој инсистираат насекаде, од една страна не помина пред Уставниот суд на Косово како тест, а од друга страна, самите го прекршија“,

вели Курти.

Заедницата на српски општини, нагласи тој подолу во интервјуто, не може да биде против уставноста и против законитоста на Косово, како и моноетничка.

На констатацијата дека посредникот Мирослав Лајчак понудил модалитети на оваа тема и на прашањето кое би било можното решение што не би се косело со Уставот на Косово, Курти вели дека е подготвен да разговара за моделот.

„Вистина е. И посредникот Лајчак се трудеше да биде креативен, затоа понуди 15 различни модели на правата на малцинствата или немнозинските заедници во земјите на европскиот континент и, се разбира, дека тие се вредни, во смисла дека не поттикнуваат да размислуваме за нови идеи и за стабилни решенија. Освен што сум спремен, јас сум многу заинтересиран да се ангажирам активно да дискутираме за овие модели кои, на некој начин, целат да го направат поконкретно тоа што го имаме во член 7 од основниот договор, кој се вика ’самоменаџирање на српската заедница во Косово‘. Ова е фразата или називот што се користи, зошто да не, да дискутираме“,

вели Курти.

Тој истакна и дека Србија треба да ги повлече писмата што ги испратил Вучиќ до петте држави за спречување на евроинтеграцијата на Косово и порача дека не може Белград да бара ЗСО додека, од друга страна, не ја признава независноста на државата каде го бара тоа.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

„Не може да има Заедница на општини со српско мнозинство во време кога Белград секој ден повторува дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Јас сум истакнал и по средби во Брисел, во Приштина и насекаде дека да бараш каква било заедница, а во меѓувреме да не ја признаваш државата е исто како да побараш кафе без филџан – не е можно кафе без филџан. Постои Република Косово како независна држава и кога ја бара Заедницата ја бара во овој ентитет, со своја внатрешна и надворешна субјективност“,

вели Курти.

Во интервјуто тој посочи и дека во периодот од 2 јули 2011 до 25 август 2015 година Белград и Приштина потпишале вкупно 39 договори, од кои само два се однесуваат на ЗСО – првиот (16. по ред од вкупно 39-те) е од 19 април 2013, а вториот е од 25 август 2015. Меѓутоа, Курти смета дека не треба договорите за ЗСО да се ставаат во преден план туку треба подеднакво да се посвети внимание на сите.

„Член 10 на предлогот за основниот договор на ЕУ, со кој веќе сме се согласиле, и на 27 февруари го потврдивме ова во Брисел, каде верувам дека требаше тогаш да се потпише, вели дека треба да се применат сите договори. Јас и во предлогот од 18 август лани, како општа рамка на договорот, реков дека ќе имам сериозен пристап кон досега постигнатите договори и нив треба да ги гледаме со точност и јас ги прифатив тие договори како наследство од моите претходници, ги претставува косовските согласувања кои ќе требаше да се применат. Но, не сум за тоа од 39 договори да се постави еден на чело“,

вели Курти.

Не е праведно, вели тој, да се наметне еден како најприоритетен.

„На пример, јас сè уште не сум зборувал, но имам голем интерес за договорите околу заедничкото менаџирање на границите. Имаме гранични премини во Извор во Звечане, меѓу Звечане и Нови Пазар, потоа е граничниот премин Капија, меѓу Каменица и Медвеѓе. Овие два се потпишани, а не се применети. Јас сум многу заинтересиран тие да се применат. Поминаа повеќе од 11 години како не се применуваат, значи пред договорот за Заедницата. Од друга страна, има договори кои веќе 12 години не се применуваат, како што е катастарските книги, Србија не ги дава оригиналите, а одбива да ги даде и копиите“,

вели косовскиот премиер.

*ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ОД ГОСТУВАЊЕТО НА КУРТИ ВО „360 СТЕПЕНИ“:

Пред утрешната средба со Вучиќ, Курти препознава симболика во Охрид и Преспа

Одам во Охрид со добра волја и верба, но не можам да гарантирам за другата страна – вели Албин Курти

Дали Курти го смени партнерот меѓу партиите на Албанците во Македонија?

Курти за косовското искуство со „Бехтел и Енка“: Имаше надуени цени и нетранспарентност

*ДРУГИ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ СО УТРЕШНАТА СРЕДБА ВО ОХРИД:

(ВИДЕО) Со какви очекувања Борел отпатува за Охрид: Сите очи се вперени таму

Вучиќ во пресрет на средбата со Курти: Не планирам ништо да потпишам

(ВИДЕО+ФОТО) Домаќинот Ковачевски и Борел и Лајчак од ЕУ со авион пристигнаа во Охрид од Скопје за дијалогот меѓу Вучиќ и Курти

(ФОТО+ВИДЕО) И Ескобар пристигна во Охрид за средбата меѓу Вучиќ и Курти

Собир на десничарите во Белград пред доаѓањето на Вучиќ во Охрид: „Не капитулирај“

Поради средбата Вучиќ–Курти во Охрид викендов пиле нема да може да прелета: МВР со посебен сообраќајно-безбедносен режим

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хасани: Како земја која се стреми кон ЕУ, очекувам органите да ги истражат сомнежите кои се појавија во медиумите за Коридорот 8 и 10Д

Следно

Ново издание на 360°: Интервју со Курти во пресрет на средбата со Вучиќ во Охрид

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop