Новата гардероба ја губи бојата после првото перење – Тајната на постојаноста се крие во кујната, потребна е само една состојка

January 27, 2026
1 min read

Новата гардероба, особено темните и интензивни бои, често ја губат живоста по првите неколку перења. Причината е едноставна, бојата кај новите парчиња облека не е целосно врзана за влакната, па под дејство на водата и детергентите лесно се отстранува. Додека некои посегнуваат по скапи средства за нејзино фиксирање, решението се наоѓа во состојка од кујната – солта.

Кујнската сол влијае на молекуларно ниво за пигментите подобро да се врзат за ткаенината. Кај памукот и другите природни материјали, бојата често се задржува само на површината на влакната. Со потопување на облеката во ладна вода со сол бојата се стабилизира. Солта ја намалува растворливоста на пигментите „заклучувајќи“ ја во ткаенината.

Стручните лица за текстил објаснуваат дека овој трик е особено ефикасен кај реактивни и директни бои кои масовно се користат во производството на ткаенини. На овој начин, во следните перења се ослободува значително помала количина пигмент, а парчето облека подолго ја задржува првобитната нијанса.

Важно е да се истакне дека овој трик се применува исклучиво пред првото перење на новата облека. Идеална е за темни фармерки, маички со живи бои и памучни парчиња, додека кај повеќекратно испраната облека ефектот изостанува, бидејќи процесот на испирање на бојата е завршен.

Иако солта не може да го спречи природното избледување на облеката под дејство на УВ зрачењето или честото перење на повисока температура од препорачаната, сепак таа е едноставен и евтин начин да се зачува свежиот изглед на новите парчиња. Овој трик може да го одложи моментот на избледување на вашата омилена маичка или панталони.

Со малку сол во ладна вода, постојаноста на боите повеќе не е хемиски експеримент, туку домашен рецепт за зачувување на гардеробата.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евертон и Лидс го поделија пленот на „Хил Дикинсон“

Следно

Анализа на Костов: Рас(пад) на СДСМ: идеолошки, политички и морален

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop