Охрид на мапата на имплантологијата: Разговор на emagazin со спец. д-р Небојша Баткоски

January 26, 2026
2 mins read

Охрид е препознатлив по македонскиот бисер, но од почетокот на годината овој македонски град се најде на светската мапа на имплантологијата, најфасцинантната стоматолошка гранка за бисерни насмевки. Овој град ќе стане центар на современата стоматологија, бидејќи стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ го лансира првиот имплант тренинг центар за „Ditron Dental“ во Европа.

По тој повод разговараме со специјалист д-р Небојша Баткоски, кој што е сопственик и управител на реномираниот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, кој го основа и првиот имплант тренинг центар во Европа лиценциран од израелската компанија „Ditron Dental“. Соработката со „Ditron Dental“ ja започнал како главен застапник на нивните производи односно импланти.

Како резултат на неговата напорна работа, овој февруари во Охрид се најавува петдневен, интензивен меѓународен едукативен настан (17–21 февруари), со програма поделена во четири модули и примери на зафати во живо со фокус на дигитални технологии и прецизни хируршки протоколи. Во обуката ќе учествува и стручниот тим на центарот.

Вие сте првиот имплант тренинг центар лиценциран од „Ditron Dental“ во Европа за доктори од Виетнам и Израел. Што практично значи тоа во пракса?

– Ова е потврда дека центарот добива меѓународна улога и дека обуките не се насочени само локално. Преку структуриран пристап докторите ќе дојдат до знаење што е усогласено со светски стандарди и со реална клиничка примена. Целта е стоматолозите да осознаат и научат методи што веднаш ќе ги користат во пракса, особено кај комплексни случаи. За нас, ова е одговорност да создадеме континуирана едукација на високо ниво, дома. И да покажеме дека врвната стоматологија може да се гради и надвор од големите центри.

Каков е концептот на планираната обука и кому е наменета таа?

– Циклусот е петдневен и интензивен, замислен како меѓународен едукативен настан.
Програмата е во четири модули: хируршки основи, хируршки процедури, протетски модул и „Live Surgery“. Има посебен фокус на дигитални технологии и прецизни хируршки протоколи. Наменета е за стоматолози кои сакаат да се усовршат во имплантологија и да добијат сигурност во процесите. По завршување, учесниците добиваат официјален сертификат за стекнатите знаења и вештини. Во оваа прва фаза која ќе се одржи од 17-21 февруари, присутни на обуките ќе бидат доктори од Виетнам и Израел, а во иднина очекуваме на стоматолози од целиот свет кои ќе сакаат да се усовршат во оваа стоматолошка гранка.

Центарот е прв во Европа и вие сте главен застапник на брендот. Како дојде до ова партнерство?

– Партнерството е резултат на долгорочна посветеност, на квалитет, протоколи и континуирано учење. „Ditron Dental“ бара стандарди и конзистентност, а тоа е насоката во која работиме со години. Со компанијата соработуваме веќе повеќе години, чекор по чекор преку користење на импланти при работа на случаи и останати оригинални компоненти. Фактот дека сме главен застапник и прв и единствен центар за обуки од „Ditron Dental“ носи дополнителна одговорност и доверба. Затоа и целта е иновациите да ги донесеме дома, Македонија да ја претставиме како одличен стоматолошки центар, но и да ги пренесеме вештините и знаењето правилно и професионално.

Кои се следните чекори, дали ова е почеток на поголема платформа за едукација во Охрид?

– Да, ова е старт на нешто поголемо. Во следните фази планираме да се вклучат доктори и од други земји, со проширена едукативна агенда. Дел од плановите е и отворање на нов центар, за да се поддржи развојот и капацитетот. Нашата визија е јасна: современи методи, практична применливост и долготрајни, здрави насмевки. Стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” секако веќе станува регионален и препознатлив бренд по своите услуги и квалитет.

Извор: emagazin

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карик: На самиот почеток сме, но ова е добра стартна позиција

Следно

Дваесетгодишна Американка стана најмладата градоначалничка во историјата на САД

Latest from Blog

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop