Петрушевски: Дали Филипче со идејата за преземање на Клиничката болница Жан Митрев планирал приватизирање на јавни пари бидејќи драстично ја зголемил сумата префрлена од ФЗО

January 25, 2026
1 min read

„Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување.

Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи.

Филипче со однесувањето во овој случај покажува дека неговиот интерес почнува и завршува само ако тој и негови блиски имаат ќар, што го води исклучиво кон криминални мрежи.

Филипче стана министер за здравство во Владата на СДС кон крајот на 2017 година и веројатно заедно со другар му Зоран Заев кројат план за зголемување на буџетот на приватната клиника.

Па така, буџетот на болницата во 2020 година кога на власт се двајцата достигнал околу 11 милиони евра, или тоа се пари на граѓаните кои ги префрлиле на конто на болницата.

Тоа е дупло зголемување на буџетот на болницата кој во 2015 година бил околу 5,8 милиони евра.

Очигледно ова бил добро подготвен план за преземање на болницата преку зголемување на буџетот на истата.

Ако му успеал планот значи дека Филипче ќе направел приватизирање на јавни пари.

Големо намалување на сумата на народни пари на контотото на болницата следи во 2025 година кога се префрлени околу 7,7 милиони евра.

Ова е случај кој несомнено треба да има правна завршница.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески

Следно

Макрон бара итно носење на законот за забрана на социјални мрежи за деца под 15 години

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop