Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје

January 24, 2026
5 mins read

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два комерцијални објекта во Охрид и во Битола  планира  годинава Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата АДИССДП. Оттаму велат дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител и оти процесот е условен и од пошироките економски услови и пазарни движења, поради што решенијата бараат координиран и долгорочен пристап.

Програмата за работа на АДИССДП за 2026 година е насочена кон континуитет и проширување на активностите во делот на станбената изградба на повеќе локации во државата. Согласно Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на Република Северна Македонија, која е  во моментов предмет на одобрување од страна на Владата, планирани се активности за проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, вели Марјан Стефановски, директор на АДИССДП  кој во изјава за МИА ги сподели плановите за работа на АДИССДП за 2026 година.

Покрај планските активности, Стефановски вели дека продолжуваат и тековните инвестициски проекти. Во Скопје, во градската четврт Даре Џамбаз, во близина на поранешната воена пекара, во тек е изградба на комерцијален станбен објект со 112 станбени единици, кои веќе се целосно продадени. Паралелно, започната е изградба на комерцијална станбена зграда во Битола со 65 станбени единици, а во овој град е предвидена изградба и на уште еден станбен објект со вкупно 60 станови.

Дополнително, програмата предвидува реализација на два комерцијални станбени објекта во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Во наредниот период се очекува започнување на тендерска постапка за избор на изведувач за еден од објектите во Охрид, како и за планираниот станбен објект во Битола.

По постојанот раст на цените на недвижностите но и очекувањата за нивно стаблизирање годинава Стефановски посочува дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител. Процесот, укажува тој, е условен и од пошироките економски услови и пазарни движења, поради што решенијата бараат координиран и долгорочен пристап, укажуваат од АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Стефановски укажува дека порастот на цените на недвижностите во последниот период е резултат на повеќе меѓусебно поврзани фактори – динамиката на побарувачката и општите пазарни услови, како и надворешните економски влијанија, меѓу кои растот на цените на градежните материјали, зголемените трошоци за работна сила, комуналните давачки и инфлаторните притисоци.  Во таа смисла, појаснува, не можеме да даваме однапред дефинирани или генерализирани проценки за движењето на цената на станбениот квадрат на пазарно ниво. Она за што можеме да зборуваме со прецизност е начинот на кој се формира цената во рамки на нашите проекти. Таа се утврдува врз основа на реалните директни и индиректни трошоци на целиот процес на градба, при што се земаат предвид сите финансиски вложувања – од проектирање и комуналии, до изведба. По спроведување на постапки за јавни набавки за сите релевантни ставки, се врши детална финансиска калкулација врз основа на која Друштвото утврдува предлог почетна цена на станбениот квадрат, за која конечна согласност дава Владата.

– Во контекст на нашата улога како државно друштво, важно е да се нагласи дека преку изградба на комерцијални станбени објекти настапуваме и како корективен фактор на пазарната цена на станбениот квадрат. Со зголемување на понудата во сегментот на организирана и контролирана станбена изградба, создаваме реална референтна цена заснована на реални трошоци, а не на шпекулативни очекувања. Ваквиот пристап овозможува постепено стабилизирање на пазарот и создавање услови за подостапно домување за поширок круг граѓани. За вистинско и одржливо остварување на оваа корективна улога, неопходна е изградба на поголем број комерцијални станбени згради, поради што Друштвото активно работи на проширување на градежните капацитети и подготовка на нови проекти.. Истовремено, треба да се има предвид дека стабилизирањето на цените на пазарот на недвижности не зависи исклучиво од еден чинител. Процесот е условен и од пошироките економски услови и пазарни движења, поради што решенијата бараат координиран и долгорочен пристап, изјави Стефановски.

Во рамки на проектот за изградба на социјални станови познат како Ф/П 1674, во тековната година активностите се насочени кон завршување и финализирање на изградбата на социјални станбени објекти на повеќе локации во државата. Во моментов, во фаза на реализација е социјален станбен објект во Прилеп, со вкупно 62 станбени единици. Дополнително, планирана е изградба на објект во Штип, за кој во наредниот период е предвидено спроведување на постапка за избор на изведувач. Во Скопје, проектните активности се реализираат во две општини. Во општина Сарај, објект со 59 станбени единици е веќе целосно завршен, додека во општина Бутел се финализирани градежните работи на социјална станбена зграда со 312 станови, по што следува технички прием како последна фаза пред ставање во употреба.

Со овие активности се заокружува имплементацијата на проектот Ф/П 1674, кој опфаќа изградба на 32 социјални станбени згради на различни локации низ државата, во согласност со заложбите за рамномерен регионален развој и подобрување на станбените услови за ранливите категории на граѓани, вели Стефановски.

АДИИСДП управува со деловни простории распоредени на територијата на целата држава, при што дел од нив се преземени во владение од Владата, а дел се сопственост на Друштвото и се стекнати преку изградба во рамки на станбени објекти реализирани од страна на АДИИСДП.

Стефановски уверува дека продажбата и давањето под закуп на овие простории се спроведува транспарентно, преку јавно објавени огласи и електронско јавно наддавање, во согласност со важечката законска и подзаконска регулатива.Поради динамичната природа на процесот на издавање и закуп – склучување нови договори, истек на постојни и повторно активирање на дел од просториите, според Стефановски, не може да се утврди фиксна бројка на издадени деловни простории во конкретен временски период. Сепак, како што истакнува, во текот на изминатата година е забележан континуиран пораст на искористеноста на деловните простори, како резултат на поактивен пристап кон управувањето и подобрување на условите за нивно користење.

Во текот на минатата година, Друштвото презело во владение нови деловни простории од Владата во Кичево, Пробиштип, Струга и Дојран. Паралелно со тоа, биле ставени во функција и деловни простории на АДИИСДП во рамки на Националната арена „Тодор Проески“ со што дополнително се проширила понудата.

Стефановски вели дека катните гаражи со кои стопанисува ова АД во изминатиот период  се користат со висок интензитет, што укажува на реалната потреба од ваков тип инфраструктура, особено во средините со најголема фреквенција на сообраќај и корисници. Забележлива е континуирана заинтересираност и за краткорочно паркирање, наменето за корисници со привремен престој во централните градски зони, како и за подолгорочни форми на користење преку месечни и годишни паркинг-картички.

– Во однос на финансиските показатели, катните гаражи претставуваат инфраструктурни капацитети со континуирана намена и стабилен интерес од страна на корисниците, што ја потврдува нивната оправданост во рамки на јавната инфраструктура. Истовремено, нивното функционирање подразбира тековни управувачки и оперативни активности кои се планираат и усогласуваат во рамки на целокупното стопанисување со инфраструктурните капацитети. Финансиските ефекти од катните гаражи не се разгледуваат изолирано, туку во поширок контекст на одржливо и одговорно управување, при што приоритет се дава на долгорочната функционалност и безбедното користење, вели Стефановски.

Во однос на можноста за изградба на нови катни гаражи, наведува дека ја препознаваат потребата од дополнителни паркинг-капацитети, особено во главниот град, каде што притисокот врз јавниот простор е изразен. Сепак, вели, ваквите инвестиции бараат внимателна и сеопфатна анализа, вклучувајќи ги урбанистичките услови, обезбедувањето соодветни локации во соработка со општините, финансиската оправданост и расположливите капацитети за реализација.

– Во досегашната работа, АДИИСДП преку изградбата и ставањето во функција на постојните катни гаражи излезе во пресрет на потребите на Градот и на граѓаните, придонесувајќи кон подобрување на сообраќајната и паркинг-инфраструктура. И во иднина, Друштвото останува отворено за разгледување на вакви можности, во согласност со реалните услови и надлежностите што ќе се создадат, изјави за МИА директорот на АДИСПП Марјан Стефановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска – Кочоска: ‘Стандард и Пурс’ потврдува одговорно управување со јавните финансии

Следно

Скапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра

Latest from Blog

Иранците во Британија: Оваа војна само го зајакнува режимот во Техеран

Во писмо до премиерот Кир Стармер, потписниците тврдат дека сегашниот начин на водење војна само го зајакнува режимот во Техеран, објавува „Гардијан“. Војната го зајакнува авторитарното владеење Писмото е противтежа на оние

Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за

Крмов: До јуни треба да се постигне договор за измените на Изборниот законик

Работната група формирана за подготовка на новиот Изборен законик продолжува со работа, а пратеникот од Левица, Борислав Крмов, посочи дека за усвојување на законот ќе биде неопходен поширок политички консензус меѓу партиите.

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

фото: Football Journalist @Lux_CFC (X) Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. УЕФА претходно го казни
Go toTop