ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

January 21, 2026
1 min read

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′), на Фримпонг (72′) и на Гакпо (92′), „црвените“ прокнижија три бода кои им носат место во ТОП 8 на табелата и големи шанси да обезбедат директен пласман во осминафиналето.

Јувентус ја оствари третата сезонска победа во најсилното европско натпреварувањ епобедувајќи ја Бенфика со 2:0. Головите на Турам и Меккени во вториот дел беа клучни во триумфот на момците на Спалети, кои сега остануваат сериозно во битка барем за место во плеј-офот.

Челзи се намачи, но со голот на Каиседо во второто полувреме дојде до трите бода на мечот со екипата на Пафос. Еден гол беше доволен за победа на „сините“ кои се пробија во ТОП 8.

Барселона успеа да слави на гостувањето во Прага против Славија со 2:4. Овде домашните почнаа добро и поведоа со голот на Кушај, но следуваа погодоците на Фермин Лопез за целосен пресврт, 1:2. Со автоголот на Левандовски, домашните повторно израмнија, но на сцена стапија Олмо и Левандовски кои до крајот го потврдија триумфот на гостите.

Баерн (М0 во второто полувреме го реши мечот со Ројал Унион. Два гола постигна Хари Кејн во победата од 2:0, иако можеше да постигне и хет-трик, но Англичанецот промаши пенал.

Англиски Њукасл лесно и со високи 3:0 славеше против ПСВ, додека победа на гости оствари и Атлетик Билбао. Шпанците славеа на гости во Бергамо против Аталанта со 2:3.

Standings provided by Sofascore

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

Следно

Трамп го исмева Макрон за носење очила на форумот во Давос (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop