ПОТРОШУВАЧИТЕ ЈА КАЗНИЈА „МИЛКА“ – измама на годината во Германија

January 21, 2026
1 min read

Хамбуршкиот
центар за заштита на потрошувачите ја прогласи алпската млечна чоколада „Милка“
за „Измама со амбалажа за 2025 година“, за што гласаа дури 66,7 отсто, односно
две третини од гласачите.

„Милка“ ја
доби оваа „награда“ затоа што пакувањето е намалено од 100 на 90 грама,
дебелината на чоколадата е намалена за еден милиметар, а цената е зголемена за
48 отсто – од 1,49 на 1,99 евра, пренесува „Билд“.

Поднесена
и тужба против компанијата

Центарот за
заштита на потрошувачите веќе 12 години го организира ова гласање за „најголема
измама со амбалажа“, но, како што се наведува, никогаш досега ниту еден
производ не победил со толку голема разлика.

Армин Валет
од Агенцијата за заштита на потрошувачите во Хамбург изјави дека многумина
ваквото „суптилно“ намалување на количината на чоколадата „Милка“ го доживуваат
како очигледна измама, како и дека резултатот од гласањето е јасна и
недвосмислена порака (учествувале околу 35.000 луѓе).

Поради тоа,
Агенцијата поднесе тужба против компанијата до Регионалниот суд во Бремен.

Хамбуршкиот
центар за заштита на потрошувачите минатата година регистрираше вкупно 77 нови
случаи на измамничко пакување, при што скриеното зголемување на цената во
просек изнесувало 28,4 отсто.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паркинзите низ Битола се расчистуваат по снежните врнежи

Следно

Познати се пораките што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во тужбата против Балдони (ВИДЕО)

Latest from Blog

БЛОКИРАНИ СМЕТКИТЕ НА КОМАПНИИ НА ТРАМП! Се сомневаат дека се переле пари

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) во петокот одговори на тужбата поднесена против неа од страна на Организацијата Трамп за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години. Банката објасни

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и
Go toTop