На прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапче

January 21, 2026
1 min read

Ако сте забележале дека на терасата или прозорецот често ви слетуваат птици, според фенг-шуи тоа воопшто не е случајно. Оваа древна кинеска филозофија која се занимава со протокот на енергија во просторот, птиците ги гледа како силни симболи на промена, порака или добри вести. Нивното присуство во близина на вашиот дом ги толкува како знак дека во вашиот живот е покрената позитивна енергија.

 Во многу култури птиците симболизираат слобода и врска помеѓу природата и човекот. Во фенг-шуи нивната улога е уште поизразена, особено кога ќе слетаат на прозорот или на балконот – места преку кои, како низ влезна врата, влегува и излегува животната енергија. Кога птицата ќе се задржи токму таму, се верува дека таа најавува нови промени, нови прилики и важни пораки кои доаѓаат во вистински момент.

Многу доживеале слична сцена во раните утрински часови или предвечерието, додека домот е тивок, врапчето или гулабот мирно слетуваат на оградата од терасата или прозорската штица. Некогаш само набљудува, некогаш пее, но неговото доаѓање остава впечаток. Фенг-шуи ваквите моменти ги поврзува со заштитата на домот и почеток на нова животна фаза, особено ако истата птица често се враќа.

Според ова учење, птиците се гласници на добри вести, но само ако просторот е уреден, светол и отворен за нова енергија. Иако постојат и сосема практични причини поради кои птиците одбираат одредени места за одмор, фенг-шуи нагласува дека нивното често доаѓање има подлабоко значење, домот непрекинато комуницира со околината.

Значењето дополнително се разликува според видот на птицата. Врапчињата симболизираат радост и семејни вести, гулабите – мир и емотивна стабилност, а ластовиците најавуваат благосостојба и среќа. Затоа, следниот пат, кога птица ќе слета на прозорецот или балконот, застанете за момент, можеби ви пристига добра вест. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лепа Брена се потсети на средбата со баба Ванѓа: Искрено се исплашив, нозете ми се отсекоа

Следно

Ѓорѓиевски: Скопје се движи безбедно и во зима, службите интензивно работат на расчистување на снегот

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop