Мицкоски: За два ипол пати ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

January 20, 2026
2 mins read

Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос.

Во обраќањето, тој истакнува:

„Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.

Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани“.

Тој беше учесник и говорник на панелот за енергетика.

-Но, тоа на кое што би сакал посебно да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика, каде што бев активен учесник и говорник, заедно со секретарот за енергетика на САД, г. Рајт. Панел, каде учество имаше буквално целото светско водство во енергетскиот бизнис, компании кои што доаѓаат од сите континенти, компании чии што обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои што следат, пред се енергетиката од областа на производство на електрична енергија.  Зошто токму областа на производство на електрична енергија? Тоа што можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетика се три работи, рече премиерт.

Мицкоски посочи дека првата работа е дека во годините кои што следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија.

-И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот, рече тој.

Премиерот рече дека втора работа која што исто така е значајна е дека во следните десет години производните капацитети кои што треба да бидат изградени, кои што треба да произведуваат електрична енергија во светот, ќе треба да произведат вкупно 40 000 терават часови електрична енергија.

-Колкава е таа количина електрична енергија? Тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денес Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика толку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Затоа што во годините кои што следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и развој на центрите за податоци или т.н. дата центри, кои што работат, не на енергија, туку на електрична енергија.  Тоа се трите факти кои што се многу важни и ние како држава тој чекор треба да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Од економија која што се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител, имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот што го нудиме во делот и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера, порача премиерот Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка најтргувани на денот

Следно

БРАВОО! Костески со звукот на сирената ја отвори првата победа на Македонија!

Latest from Blog

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно
Go toTop