Проданоски: Водици обедини над 400 верници низ Прилеп и населените места

January 19, 2026
1 min read

Над 400 верници денеска учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, на територијата на општина Прилеп.

Празнувањето започна со утрински богослужби во православните храмови, по што следуваше осветување на водите и положување на светиот крст, во чест на Христовото крштевање.

 

Централната манифестација се одржа во 12:00 часот со фрлање на светиот крст во базенот на Аква паркот „Салида“ во Прилеп. Покрај централниот настан, Водици беше одбележан и во уште 19 населени места: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

Во црквата „Св. Благовештение“, по свечената божествена литургија и традиционалното пуштање на гулабите, симболично бешеорганизирано фрлање на светиот крст во фонтаната во дворот на храмот, наменето за дечиња до 13-годишна возраст.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претседателката на Советот и делегации од советници, присуствуваше на сите 20 локации, упатувајќи честитки до граѓаните со желби за здравје, мир и благосостојба. Локалната самоуправа обезбеди пригодни подароци за сите учесници и парични награди за најсреќните, додека компаниите „Зегин“ и „Евротип“ обезбедија дополнителни подароци за оние кои први го извадија светиот крст од осветените води во Прилеп.

Најсреќен на централниот настан беше 17-годишниот Јордан Ангелески, кој прв го извади светиот крст.

Богојавление – Водици го симболизира духовното прочистување и почетокот на животот во верата, а од Општина Прилеп упатија порака за благословена и мирна година за сите граѓани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По отказот во Реал, Чаби Алонсо ја доби првата понуда

Следно

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Latest from Blog

Коњановски: Утре средба со жителите на Кукуречани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, утре (23 април) со почеток во 20:00 часот ќе одржи средба со жителите од Кукуречани и поранешната кукуречанска општина. Средбата има за цел директна комуникација со граѓаните,

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина

„Иран финансиски колабира! Сакаат Ормуската Теснина веднаш да се отвори. Гладуваат за готовина! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не се платени“, напиша тој на Truth Social.
Go toTop