Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

January 17, 2026
1 min read

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони.

-Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите. Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни. Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања, велат од Министерството за здравство.

Предлог-законот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.

„Искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија и многу други, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Тој додава дека ваквите мерки овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на Општина Битола одобри 11,5 милиони денари за заштита на животната средина

Следно

Тер Штеген останува во Каталонија, ама не во Барселона?!

Latest from Blog

Коњановски: Интензивно се градат спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека со забрзана динамика продолжува реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на спортски игралишта во основните училишта во градот. При увидот во Основното училиште „Гоце

Коњановски: Богатата историја, култура и економските потенцијали на Битола претставени пред унгарска делегација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со делегација од Будимпешта – Дистрикт 18, предводена од градоначалникот Шандор Санисло, на која беше потврдена заложбата за натамошно унапредување на долгогодишната соработка

Инвеститорите активни на Македонската берза: 14 милиони денари промет, Комерцијална банка лидер

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.367,12 поени. Во

Инфантино за критиките за Светското првенство: Додека ширите омраза, ФИФА ја приредува најдобрата претстава во светот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките за Светското првенство кое се одржа во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. „Ова е мојата порака до

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на
Go toTop