ВИДЕО: Мисајловски денеска најави дека во Армијата ќе бидат примени нови 300 професионални војници

January 16, 2026
3 mins read

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници.

-Oбуката, новата опрема, модернизацијата, сето тоа влијае младите луѓе да ја почитуваат Армијата, се разбира и Министерството, кои се најпочитувани институции во државата. Тоа е поради луѓето што се внатре, што поминале многу години, луѓето што се зад мене, кои поминале многу курсеви, што поминале многу во својата кариера и овие млади луѓе имаат од кого многу да научат, потенцира министерот Мисајловски.

Ги охрабри младите да се пријават на новиот конкурс за професионални војници, што ќе биде објавен годинава.

На новинарско прашање дали од буџетот се издвојуваат доволно средства за професионалните војници, министерот Мисајловски појасни дека секоја година како Министерство го зголемуваат буџетот.

-Знаете и, впрочем, тоа е обврска во НАТО да се зголемува буџетот. Но ние веќе минатата година ги пресметавме овие нови 300 вработувања во буџетот. Така што, средства ќе има, не само како сума на пари, се разбира, туку и сè она што е потребно од опрема итн. И со тек на годините треба да расте буџетот, но кога ќе расте буџетот, се разбира, треба да гледаме и повеќе кадар да влезе во Министерството, нови војници, нова опрема, нова модернизација. Тоа ние ќе го правиме во текот на годините и да ги подобруваме сите услови не само на професионалните војници туку и на сите вработени што ги има и во Министерството и во Армијата, појасни Мисајловски.

Тој најави дека со началникот на Генералштабот и другите авторитети на Армијата веќе направиле иницијатива, како што рече, историски чекор за сите професионални војници, да го решат прашањето за нивното пензионирање, односно како да останат во Министерството по нивната 45. година. Најави дека набргу ќе излезат со информација за таа иницијатива.

-Вчера, Синдикатот се обиде да каже дека тоа е нивна идеја. Не, тоа доаѓа од Армијата, од раководството од авторитети заедно со луѓето, но ќе седнеме со Синдикатот да направиме одлично решение, при што ќе направиме историски чекор како да помогнеме секој да се чувствува убаво и по 45. година, потенцира Мисајловски.

На новинарско прашање дали ќе се зголемат платите на професионалните војници, министерот Владо Мисајловски потсети дека кога дошол како министер, не се исплаќало ништо по колективен договор, иако веќе бил потпишан.

Facebook/Vlado Misajlovski

-Иако имале право да земаат и морало да земаат додатоци, по сè она што следува, примале само плата. Сега со сите додатоци што се исплаќаат платата е речиси удвоена. Некој може да ги земе по сите основи, некој помалку, но историски најголеми примања во независноста на државата. Тоа вчера го објавивме, го доставивме до медиумите и може да направите споредба со која било институција, изјави министерот Мисајловски.

Оцени дека во овој момент платите се највисоки наведувајќи дека од минатата година 30 проценти им се зголемени платите на сите вработени во Министерството.

-Но, некои политички партии, би рекол, некои поединци од одреден синдикат сакаат тоа да го искористат за политички поени. Тоа е многу симптоматично како во еден ден тоа се случи, прес, поддршка итн. Но, една добра реченица имаше во тој прес – дека треба дијалог. Ние сме тука за дијалог, но кога имаме дијалог, тие тоа не го бараат, туку нешто бараат друго, потенцира Мисајловски.

На новинарско прашање за повторно воведување задолжителен воен рок во земјата, тој појасни дека лично го охрабрува овој потег бидејќи мисли дека младите треба да поминат такво нешто. Тој истакна дека притоа треба да се земат предвид многу параметри. Прво, финансите, второ, капацитетите што треба да се доизградат, дообноват. Во текот на годините многу касарни им се дадоа на општините, тие се пренаменија во разни објекти итн. Но, точно е, многу земји тоа го прават, во овој период гледаат да направат обуки, многу поинаку од минатото: со два месеца, три месеци, 75 дена. Добро е за размислување како тема, но овој момент не е тоа проект што сега би го направиле. Но, во иднина, ако оценат Армијата и воените авторитети дека тоа е чекор, јас сум тука тоа да го направам, рече Мисајловски.

Прашан за инвестициите во 2026 година во велешката касарна, односно Командата за обука и доктрини и во центрите што се во најзина надлежност, министерот Мисајловски најави нови инвестиции не само во оваа туку и во другите касарни и единици на Армијата во земјата.

-Јас не гледам само како една касарна или, да речеме, само Командата за доктрини или Командата за операции или која било друга касарна. Оваа година ќе биде тешка година бидејќи треба ќе ги исплатиме пренесените обврски од минатите години. Веќе минатата исплативме многу, но оваа година ќе исплатиме сè. Зборувам за преземени обврски од договорите, но оваа година ќе почнеме и со многу нови проекти. Планираме да влеземе во процес за огромни проекти за наредните 10 години, тоа ќе биде новина што сите ќе ја чуете, а исто така и нови капацитети на Криволак, да се изградат нови инфраструктурни капацитети тука во велешката касарна, појасни министерот Мисајловски.

Воедно, информира дека во постапка е набавка на нова униформа за сите да имаат нова балистичка опрема.

-Исто така, разгледуваме и правиме напори да направиме нови, огромни договори, држави со држави, веќе неколку поминавме, а на последните состаноци ќе бидат со Америка, но и со други држави. Историски најмногу ќе се троши во овој период и во следните години, за тоа ќе бидете сведоци. За тоа како ќе излегуваат сите постапки, ние ќе ви ги пренесеме, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонското друштво „Илинден“-Тирана додели Благодарница на Народниот правобранител на Албанија

Следно

Трамп им се закани со царина на сите земји што се противат на одземањето на Гренланд

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека

Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: Културата и образованието се срцето на македонскиот идентитет во Албанија

Интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“–Тирана, Албанија Никола Ѓурѓај е препознатлив како глас на Македонците кај нашиот западен сосед и често јавно говори за односите меѓу Македонија и Албанија,

Се огласи Хулио Иглесијас- го негира обвинението за сексуален напад: Јас сум жртва на клевета

Тој објави изјава на својот Инстаграм профил во која рече дека обвинувањата се „целосно лажни“, дека никогаш не чувствувал „таква злоба“ и дека е жртва на „клевета“. Тој рече дека има сила

Први снимки од изолирано племе во Амазонија- ги подигнаа копјата и стрелите кога видоа камера (ВИДЕО)

Видеата со висока резолуција ги објави американскиот автор Пол Росоли за време на гостувањето во подкастот на Лекс Фридман. „Изгледаа подготвени за насилство“ Росоли поминал повеќе од 20 години во Амазонија и
Go toTop