„ЗЕТ“ генерацијата сè помалку готви – времето и уморот главни виновници

January 16, 2026
1 min read

Сè повеќе млади од „ЗЕТ“ генерацијата престануваат да готват и нарачуваат храна или купуваат готови оброци од супермаркет, покажува истражувањето на компанијата за производство и продажба на готова и здрава храна, Мерчант Гурме  (Merchant Gourmet), спроведено на 2.000 лица.

Според податоците, 35 отсто од младите под 28 години навечер нарачуваат достава, додека 29 отсто се одлучуваат за претходно спакувани сендвичи или слични закуски. Шест од десет испитаници велат дека имаат помалку време од било кога за готвење, а 47 отсто признаваат дека за подготовка на оброк имаат помалку од половина час во текот на работната недела.

Ричард Пик, генерален директор на компанијата вели дека младите се обидуваат да изградат кариера и личен живот во период кога времето им е ограничено, па практичноста честопати победува над готвењето. Ова истражување покажува дека времето поминато во готвење за една недела се намалило за 20 отсто во последната декада, а 38 отсто од младите сега избираат полесни рецепти. Повеќе од половина од испитаниците се чувствуваат „заробени“ во подготовка на своите оброци, а 31 отсто наведуваат дека недостатокот на самодоверба во кујната е доволна причина за нарачување на готова храна.

Други пак, 31 отсто се загрижени дека ќе ја фрлат храната ако новиот рецепт не успее, а 22 отсто ги немаат секогаш сите состојки за експериментирање. Сепак, 29 отсто би се осмелиле да зготват нов рецепт доколку е предходно „проверен“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА: Од март директен лет Охрид – Братислава

Следно

Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

Latest from Blog

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop