Педро постигна гол од пола терен, па му фаќаше сеир на Џака (ВИДЕО)

March 17, 2023
1 min read

Педро Гонсалвес се погрижи да го видиме голот на сезоната во Лигата на Европа откако успеа да погоди од половина терен, но беше задолжен и за тролање по последниот судиски свиреж на „Емирејтс“.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон го сфати како лична провокација радувањето на Гранит Џака при водството од 1:0, па реши да му го возврати истиот гест за време на славјето по крајот на мечот.

Спортинг успеа да се врати во игра благодарение на неговото ремек-дело од 45 метри, а потоа имаше повеќе нерви и знаење во пенал рулетот во Северен Лондон.

Херој на гостите од Португалија во фудбалската лотарија беше голманот Адан, но при славјето, во фокусот се најде токму Педро кој знаеше како да му одговори на Џака.

На овој начин, Спортинг го остави Арсенал без шанси да се бори за уште еден голем трофеј, па сега сите сили ќе мора да ги насочи кон титулата во Премиер лигата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Муцунски: Добив информации дека е уапсен наставник од „Александар Македонски“

Следно

РЕТРОСПЕКТИВА НА ТВОРЕШТВОТО Е СПЕЦИЈАЛНО ЗАДОВОЛСТВО – ГЛЕДАШ КАДЕ ТИ ОДИ ГЛАСОТ, ВЕЛИ МАНЧЕВСКИ КОЈ ПРЕТСЕДАВА СО ЖИРИТО НА СОФИЈА ФИЛМ ФЕСТ

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop