Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари

January 16, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи кои биле нејасни за ДУИ биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари.

Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба што се одржа во средата, туку само кусо изјави дека одржува средби со лидери на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети.

-Тоа што беше договорено на лидерската средба, беше безусловно кажано дека ќе биде поддржано. Беше споменато дека постоеле некои амандмани, за што потоа во разговор со министерот за внатрешни работи, беше констатирано дека такви амандмани не постојат. Но, и покрај тоа, се договоривме во текот на вчерашниот ден практично, на ниво на координатори на пратенички групи, да има состанок и сите тие нејасни теми да бидат разјаснети. Таков состанок, колку што сум информиран, во текот на вчерашниот ден се случи, бидејќи е отсутен министерот за внатрешни работи од Македонија, беше вклучен преку телефонски повик, беа разјаснети сите нејасни работи, и очекувам законот за прекршоци веќе на следната собраниската седница да помине, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово.

Премиерот потсети дека за да биде донесен овој закон е потребно само двотретинско мнозинство, без потреба од бадентер. Тој очекува „безбеден град да почне да функционира од 1 февруари.

-Јас во една прилика кажав дека ако се спореди декември месец на територијата на градот Скопје 2015 година со истиот месец 2024 година, ќе дојдеме до заклучок дека имаме нула жртви, како резултат на сообраќајни несреќи во декември лани, а истиот месец во 2024 година имаме пет. Тоа значи нула и пет. Јас им благодарам на граѓаните кои го почитуваат овој проект и очекувам да бидат спасени многу човечки животи. Затоа не очекувам политичко калкуланство кога станува збор за човечкиот живот, рече Мицкоски.

Прашан дали покрај одржаната средба во Собранието на ниво на пратенички групи ќе има и тет-а-тет средба со Ахмети, Мицкоски не прецизираше дали и кога ќе се случи такво нешто.

-Јас во моето редовно политичко функционирање се среќавам со лидери на политички партии, така што, во рамките на тие средби претпоставувам дека ќе се сретнам и со господинот Ахмети, рече Мицкоски истакнувајќи дека се уште нема одреден датум за таква средба.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите

Следно

ВИДЕО: Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

Latest from Blog

Низ Ормутскиот теснец помина првиот крузер од почетокот на војната

Бродот под малтешко знаме денеска исплови од Дубаи, каде што беше закотвен 47 дена, а неговата дестинација е Оман. Според извештаите, тој плови без патници, пишува „Еуроњуз“. Преминувањето на крузерот се случи неколку

Неизвесно лето пред нас – цените на билетите вртоглаво растат

Ескалацијата на вооружените конфликти на Блискиот Исток фрли сенка врз претстојната летна туристичка сезона, заканувајќи се сериозно да ги наруши клучните воздушни коридори меѓу Европа и Азија. Она што требаше да биде

Сасуоло победнички со Комо!

ФОТО:.facebook.com/como1907srl/ Сасуоло го победи Комо со 2:1 во првиот натпревар од 33-то коло од италијанската Серија А. Со овој триумф, Комо ги загрози своите шанси за сензационален пласман во Лигата на шампионите.
Go toTop