Screenshot

Муцунски најави засилена поддршка за извозно ориентираните компании

January 14, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески, на која беше разговарано за унапредување на поддршката за домашните извозно ориентирани компании.

На средбата фокусот бил ставен на иницијативи и конкретни форми на поддршка за компаниите кои настапуваат на странските пазари, преку организација на тематски посети со активно вклучување на деловната заедница, подобрување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва и промоција на извозните капацитети на Македонија пред дипломатскиот кор во земјата.

Муцунски и Азески ја потврдиле одличната досегашна соработка меѓу Министерството и Комората, при што изразиле заемно задоволство од досегашните резултати и подготвеност таа дополнително да се продлабочи со конкретни придобивки за компаниите и позитивен ефект врз вкупниот економски развој на државата.

 

Во рамки на разговорите биле истакнати и мислењата и предлозите на стопанството и на Комората како релевантна институција со долгогодишно искуство, кои ќе послужат како основа за креирање поефикасни политики за поддршка на извозот и зајакнување на надворешно-трговските активности на македонските компании.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами бара системски крај на техничката влада

Следно

Платформата „Икс“ повторно достапна во Венецуела по повеќе од една година

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop