Висока мода на мразот на Гренланд: 39 години подоцна

January 13, 2026
2 mins read

Додека модата во тоа време славеше раскош, моќ и фантазија, тој одлучи да ја изнесе таа фантазија од атеље и студио и да ја пренесе на едно од најопасните места на планетата… Гренланд, мразот, пловечките ледени брегови на отворено море и температурите околу нулата – станаа сцена за еден од најпознатите модни изданија на сите времиња.

„Потрагата по мраз“ на Мигле, како што подоцна беше наречена, се случи на Гренланд на 21 јуни – арктичко лето, кога светлината речиси никогаш не исчезнува. Небото и мразот потоа се претопуваат во нијанси на светло зелена, виолетова и розова, создавајќи слика што изгледа како да е надвор од овој свет. Токму тука, во овој „нереален“ пејзаж, Мигле сакаше да ги смести своите футуристички хероини, пишува британскиот „Вог“.

Овие услови не ги обесхрабрија двете жени кои го предводеа едиторијалот – Ана Бејл и Клод Хајдемајер. Тие не беа само модели; во визијата на Мигле, тие беа воинки, амазонки, хероини кои ѝ пркосат на природата и на судбината. За да се заштитат од смрзнувачкиот студ, тие стоеја на мали парчиња превиткани термални ќебиња за преживување скриени под нозете, невидливи за камерата, но клучни за преживувањето.

И, така беше создадена една од најпознатите слики во историјата на модата: Клод стои на нестабилен леден брег сред Арктикот. Околу неа нема ништо освен мраз, небо и вода. Без јажиња, без безбедносни мрежи, без дигитални трикови. Само жена, бездна и висока мода.

Денес, во ера кога повеќето модни кампањи се снимаат во контролирани услови и се монтираат до совршенство во дигитални студија, едиторијалот на Миглер за Гренланд изгледа речиси како реликт од едно похрабро време. Тоа беше момент кога модата беше подготвена да го ризикува животи за да создаде слика што ќе трае вечно.

Веројатно, токму затоа овие фотографии сè уште имаат речиси хипнотичка моќ денес. Тие се приказ на уметноста на фотосесијата, но и за филозофија – дека убавината не мора да биде безбедна, гламурот може да стои на работ на бездната и оти понекогаш вистинската уметност се создава само кога се осмелувате да стапнете таму каде што никој претходно не се осмелил.

Роден во 1948 година во Стразбур, Франција, уште како дете, Мигле бил опседнат со телото во движење – тренирал класичен балет и настапувал во балетски ансамбл на 14-годишна возраст. Како фотограф и моден дизајнер, ги градел жените како божици, амазонки и вонземски суштества – со тесен струк, нагласени рамена, драматични линии, латекс, метал, кожа, корсети… Тој буквално го „вајал“ женското тело.

Така, 80-тите беа неговото златно доба. Во подоцнежните времиња, тој целосно се преобрази – и физички и уметнички. Стана бодибилдер, го промени својот изглед, се потповлече од очите на јавноста, но неговото влијание никогаш не исчезна. Новата генерација дизајнери, од Жан Пол Готје до денешните креатори, отворено признаваат дека без Мигле, ниту тие не би постоеле.

Тјери Мигле почина на 23 јануари 2022, на 73 години. Но, неговиот свет со жени поголеми од животот, мода како оружје и гламур на работ на опасноста – продолжува да живее. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“

Следно

Карлеуша: “Го кажував своето мислење и ТАЈФАТА МЕ НАПАДНА ПО ШТО ЗАГУБИВ МИЛИОНИ…“

Latest from Blog

Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји. За време

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Вработен во казино одзел и присвоил 332.330 денари. Тој бил вработен во подружницата на казино во Кочани. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за

Втора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!

ФОТО:facebook.com/wolves/ Вулверхемптон ја победи Астон Вила на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 28-то коло од англиската Премиер лига. Старата поговорка „нема фаворити во дербито“ можеби е излитена, но

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи
Go toTop