Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири

March 17, 2023
2 mins read

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“.

Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат.

Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега.

Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. Издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март.

Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови, соопшти Фестивалот.

Ќе бидат прикажани „Пред дождот„, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди.

Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа.

Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот.

Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април.

На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша:

„Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.

Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз.

„Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ТАРАНТИНО ГО ПОДГОТВУВА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ФИЛМ НАСЛОВЕН „ФИЛМСКИ КРИТИЧАР“

Следно

Матурантите и студентите денеска на протест пред МОН, бараат полесна државна матура и подобар студентски стандард

Latest from Blog

Сиљановска Давкова го прими Венко Филипче, разменети мислења за политичките и безбедносните состојби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент,

Што го налути Борисов за да не прифаќа да биде мандатар за состав на нова бугарска влада?

Политичката ситуација во Бугарија никако да се стабилизира. Најновите моменти со одбивањето на Борисов да е мандатар за нова влада, одат во правец на тоа дека нашиот источен сосед веројатно напролет ќе

Младите од земјава препознаваат корупција, но потребни им се насоки и програми за справување со ова зло

На проблемот со корупцијата мора да му се пристапува стратешки, но и со конкретни вештини за справување со овој проблем кој ги урива темелите на општеството. Младите кои планираат да се занимаваат

„Генџебај и Кин оставија посебен белег во мојата кариера“, рече турскиот музички виртуоз Текбилек

ИСТАНБУЛ (АА) – АИШЕ ХУМЕЈРА АКГУН Зборувајќи дека во текот на неговиот уметнички живот бил инспириран од многу музичари, музичкиот уметник Омар Фарук Текбилек рече: „Можам да наведам многу музичари кои ми

Македонија реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил сподели објава во која соопшти дека „нашата држава денеска беше реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското
Go toTop