Манојловски: Го знаеме тоа чувство, браќа Гренланѓани

January 12, 2026
1 min read

Американците го сакаат Гренланд. Данците не го даваат Гренланд. Геополитиката е јасна, интересите се големи, мапите се прекројуваат со студена прецизност. Но во целата таа голема игра на моќ, едно прашање упорно останува на маргините: Ги прашал ли некој самите жители на Гренланд што сакаат?

Во јавниот дискурс Гренланд најчесто се појавува како територија, ресурс, стратегиска точка на Арктикот. Ретки се моментите кога се спомнува како дом, дом на народ со свој јазик, култура, историја и чувство на припадност. Инуитите не се фуснота во геополитичките анализи, туку живи луѓе со право да одлучуваат за сопствената иднина. Или барем така би требало да биде во 21 век, пишува Игор Манојловски за НОВА МАКЕДОНИЈА.

Данска формално зборува во име на Гренланд, повикувајќи се на уставен поредок и историски врски. САД, пак, гледаат економска и воена логика – ретки минерали, безбедносни коридори, глобално позиционирање. Но меѓу тие два гласа, гласот на самите Гренланѓани често се губи. Прашањето не е само со кого ќе бидат, туку и дали имаат право сами да одлучат што сакаат да бидат.
Токму тука оваа приказна станува болно позната и за нас. Македонија со децении е пример како помалите нации стануваат предмет, а не субјект во регионалните и меѓународните односи. Грција и Бугарија, секоја на свој начин, си зедоа за право да го оспоруваат нашиот идентитет, јазик, историја – како тие да се нешто за што треба дозвола од посилен сосед. Прашањето „што сакаат самите Македонци“ предолго беше заменето со „што е прифатливо за другите“.

И во случајот со Гренланд и во македонскиот случај се повторува истата матрица: кога си мал, кога немаш економска и воена тежина, твојот глас лесно се релативизира. Големите зборуваат за стабилност, за ред, за интереси, а малите добиваат лекции за трпение и реализам. Правото на самоопределување се признава декларативно, но практично се условува.
Ова не е спор за тоа дали Гренланд треба да биде американски, дански или независен. Исто како што македонското прашање не беше и не е спор за географија, туку за достоинство. Суштинското прашање е едноставно и непријатно: Дали светот навистина верува во правото на идентитет или тоа право важи само кога не им пречи на моќните?

Ако не ги прашаме Гренланѓаните за нивната судбина, тогаш целата приказна за демократија и слобода станува празна фраза. Ако го игнорираме нивниот глас, утре некој друг ќе биде „премал“ за да биде слушнат. Македонија го знае тоа од прва рака.

Историјата нè учи дека малите народи ретко го добиваат тоа што го заслужуваат, но секогаш скапо плаќаат кога нивниот глас се игнорира. Затоа прашањето за Гренланд не е далечна арктичка приказна. Тоа е огледало во кое и ние добро се гледаме.

Игор Манојловски за НОВА МАКЕДОНИЈА

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стабилизација на цените: јајцата значително поевтинија

Следно

Млечни кифлички

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop