Чаби Алонсо: Не сме камикази, ризикот со Мбапе ќе биде контролиран!

January 11, 2026
1 min read
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, она својата прес – конференција пред финалето со Барселона и тоа како имаше што да каже. Тој нагласи дека евентуалниот триумф и првиот трофеј на чело на „белите“ нема да биде „лично ослободување“ за него по шест месеци исполнети со сомнежи за неговата работа.
Расположението во мадридскиот табор е високо, особено по феноменалниот гол на Феде Валверде против Атлетико, но фокусот сега е целосно на претстојниот судир. Главната тема за која сите се загрижени е патувањето во последен момент на големата ѕвезда Килијан Мбапе и неговото евентуално учество во натпреварот. Запрашан за состојбата на тимот, Алонсо беше категоричен:

Имаме можност да играме во финалето. Ова е посебен натпревар и сакавме да бидеме тука. Мора да почекаме за попладневниот тренинг, а и фудбалскиот и емотивниот аспект ќе бидат важни. Подготвени сме и мора да одиграме комплетен натпревар“
Според него, нема јасен фаворит во финалето.

Ова е фудбалски натпревар. Финале. Сè може да се случи и ние сме фокусирани на она што треба да го направиме.“ Ќе има моменти за сè. Мора да ја имаме потребната енергија“, рече тој.
Темата за состојбата на Килијан Мбапе привлече најголемо внимание. Француската ѕвезда пристигна во Саудиска Арабија во петокот вечерта, но вестите околу него се оптимистички.
„Тој е многу подобар. Против Атлетико беше на работ и решивме да не брзаме со работите, но со идејата дека може да дојде за финалето. Тој пристигна вчера и ќе тренира со тимот денес. Ќе го процениме и ќе одлучиме дали ќе игра од почеток или помалку“, објасни Алонсо.
Тренерот беше категоричен дека нема да се преземат непотребни ризици со здравјето на напаѓачот.

Ова е одлука што ќе ја донесеме заедно со играчот, тренерите и лекарите. Мора да го процениме ризикот. Моментот во кој сме и влоговите се јасни. Ние не сме камикази кога донесуваме одлуки. Ризикот е контролиран.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој месец ќе биде најсреќен за вашиот знак оваа година?

Следно

Димитровски: „Зимска приказна ја покажа силата на Битола кога градот создава заедно“

Latest from Blog

Има договор: Луис Енрике во ПСЖ до 2030!

Фото: ПСЖ Твитер Се чини дека има договор, дека Луис Енрике ќе потпише нов договор со ПСЖ. Неколку сигурни извори потврдија дека преговорите се при крај, дека договорот дури и не бил

Американски конгресмени го КРИТИКУВААТ МЕШАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

Републикански членови на Конгресот испратија формално писмо до Урсула Фон Дер Лајен, остро критикувајќи го мешањето на Европската комисија во унгарскиот изборен процес. Како алатки за влијание, тие ги истакнуваат финансирањето водено

Проданоски со велигденска порака: Светлината на Воскресението нека донесе мир во секој дом

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток,

Севиља го “реши“ Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/sevillafc.eng/ И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на
Go toTop