Костовски: Изборите ќе бидат редовни, на нив ќе победи СДСМ – Ковачевски ќе биде премиер

March 17, 2023
1 min read

Избори ќе има во 2024 година, на кои победник ќе биде СДСМ, а Димитар Ковачевски ќе биде премиер од 2024 до 2028 година, истакна пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, додавајќи дека ако се изгласаат уставните измени, може веднаш да се оди на предвремени избори.

Во врска со измените на изборното законодавство, Костовски истакна дека трката за гласови треба да има еднакви правила за сите, од најголемите до помалите политички партии.

-СДСМ со гордост може да каже дека уште од 2016 година е промотор на една изборна единица како модел во изборните процеси во Република Македонија и цело време остојуваме на таа тема, рече Костовски.

Пратеникот Костовски нагласи дека во наредниот период преку општ консензус и шиорка дебата сите политички чинители треба да се сложат да се оди кон она што значи интервенција на изборниот законик.

Сите изборни циклуси изминатите години, откако СДСМ е извршна власт, беа фер и демократки, што не беше пример во изминатиот период од 2006 до 2016 година, кога имаше сериозно нарушување и блокада на самиот избирачки циклус, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Над 400 загинати во циклонот „Фреди“ во Малави, Мозамбик и Мадагаскар

Следно

Повторно ќе се затвори популарната плажа на Закинтос

Latest from Blog

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот
Go toTop