Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

January 9, 2026
1 min read

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата генерација, што, според него, го најавило колапсот на цивилизацијата. Оттогаш, апокалиптичните предупредувања се повторуваат редовно, најчесто без никаква научна основа, објавува „Мирор“.

Повеќето вакви пророштва доаѓаат од религиозни водачи и „пророци“ – од еврејскиот водач Симон бар Џора, кој верувал дека светот ќе исчезне околу 70 година од нашата ера, до современите проповедници кои го најавија крајот на светот минатата есен. Но, едно предупредување, дадено пред повеќе од шест децении, сè уште предизвикува вознемиреност денес бидејќи има одредена научна тежина.

Имено, во ноември 1960 година, престижното списание „Science“ ја објави работата на тројца истражувачи од Универзитетот во Илиноис – Хајнц фон Ферстер, Патриша М. Мур и Лоренс В. Амиот – кои предупредија на можен глобален колапс во петок, 13 ноември 2026 година. Нивната визија за крајот на светот не вклучуваше нуклеарна војна, удари од астероиди или супервулкани, туку проблем што е многу потешко да се избегне: пренаселеноста.

Научниците ги анализираа демографските трендови во западниот свет и заклучија дека медицинскиот напредок драматично го забрзува растот на светската популација. Според нивните пресметки, бројот на луѓе на планетата требало да „се стреми кон бесконечност“ точно околу 2026 година, што би резултирало со глобален недостиг на храна и ресурси.

Во 1960 година, на Земјата живееле околу три милијарди луѓе. Денес, на почетокот на 2026 година, тој број надминува осум милијарди – а знаците за сериозно забавување на растот сè уште не се видливи. Проценките на демографите сугерираат дека глобалната популација можеби нема да почне да се намалува до околу 2080 година.

Оваа идеја не е нова. Британскиот економист Томас Малтус предупредил во 1798 година дека човештвото неизбежно ќе остане без храна бидејќи населението расте експоненцијално, додека производството на храна расте многу побавно. Иако досега се покажа дека технолошкиот и земјоделскиот напредок можат да го следат растот на населението, стравувањата од „малтузијанска криза“ сè уште тлеат.

Интересно е што некои од најбогатите луѓе во светот се однесуваат како такво сценарио да не е невозможно. Марк Закерберг наводно потрошил речиси 190 милиони долари на огромен имот на Хаваи, каде што гради луксузен комплекс со подземен бункер, сопствено напојување и залихи од храна. Џеф Безос купил недвижен имот на исклучително безбедна локација во Флорида, додека Лари Елисон практично го презел целиот хавајски остров Ланаи.

Иако звучи како заплет од научнофантастичен филм, овие инвестиции го поставуваат прашањето: дали некои се подготвуваат за сценарио во кое храната, просторот и безбедноста ќе станат највредни валути? Дали 2026 година навистина ќе биде пресвртница или само уште еден датум во долгата историја на неостварени апокалиптични предвидувања, останува да се види.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сосиедад прими гол во 90.минута, ама со погодок во 90+6. дојде до победата!

Следно

Бритни Спирс: Никогаш повеќе нема да настапувам во САД

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop