Координиран грчко-бугарски антимакедонски напад

January 9, 2026
3 mins read

Крајот на годината и почетокот на новата 2026-та ја одбележа синхронизиран, па и координиран грчко бугарски напад на македонскиот јазик, како дел од македонскиот идентитет. Првиот инцидент, ако може да се нарече така, сепак добива димензија на добро смислена стратегија за негирање на македонскиот јазик од страна на Грција, иако е признат и со Преспанскиот договор и со конференција одржана во Атина. Тоа што е за неверување од лулката на ,,диктатурата‘‘ (демократијата) е фактот што не го гледа ниту Брисел, ниту другите демократии кои се колнат во слободата и правата на човекот, меѓу кои и на малцинствата. Ако еден грчки музички состав не може да пее среде Лерин на македонски јазик, тогаш, како тоа ќе смеат да го сторат другите не-грци, или секој кој живее или сака да ја посети оваа земја. Дали на влезот на границата ќе стои натппис ,,ЗАБРАНЕТО ЗБОРУВАЊЕ, ПЕЕЊЕ, И МИСЛЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК‘‘. До кога еден обичен градоначалник, како тој на Лерин ќе се замислува дека е Бог, или ,,управник на затвор‘‘ кој се грижи за чистата грчка раса и говор? Кој е тој што смее да го направи тоа, ако нема поддршка од самата држава. Макеоднскиот јазик и ќе  се зборува и ќе се пее и нема да може да се сопре со никакви забрани, па ако треба и да се ,,мрмори‘‘. Лулката на ,,диктатурата‘‘ (демократијата) мора да разбере дека никој, ама баш никој не успеал да спречи еден народ да го говори својот мајчин јазик. Ниту со камшик, ниту со исклучување на струјата. Ќе влегува во ,,чистата грчка земја‘‘, ќе се зборува и ќе се пее се повеќе, како што грчкото општество ќе станува свесно дека јазикот е придобивка, а не закана, како што впрочем и се гледа на оваа идентитетска одредница во Македонија, во САД, во Швајцарија и во многу други земји низ светот.

Идентично како со спорот за името, да не останат покуси веднаш се тука благонадежните Бугари, да го потврдат тоа што е забрането од леринскиот градоначалник. Да се изработи акциски план за малцинства, со најголемите европски експерти и истиот да не биде прифатен од страна на официјална Софија, само затоа што е напишан и на македонски јазик. Тоа е работа со која треба да се позанимава не само Брисел, туку и меѓународниот суд за човекови права, иако видовме дека Бугарија не ги ферма неговите одлуки.

Ако уште во 2021. година тогашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, јасно и гласно изјавува пред европските медиуми и авторитети дека Бугарија го признава само новиот македонски идентитет формиран после 1945-та, станува јасно дека стратегијата на Софија трае и ќе трае. Иако и да признава идентитет од 1945, колку само несмасно и блесаво звучи непризнавањето на идентитетската одредница – македонски јазик или како што сега го нарекуваат во реакцијата „достапен јазик“. Бугарија всушност влегува во идентитетска замка. Таа се губи во нејзините карактеристики од пуста желба да не попушти за официјално признавање и на македонскиот народ, и на јазикот и на песните, кои често се обидува да ги побугарчи, иако се напишани по втората светска војна во Македонија.

Навистина станува дегутантно како на Софија да и се објасни дека македонскиот јазик е официјално признат од Бугарија уште пред 80 години, а правно обврзувачки пред 70 години, како што потсетуваат од ОМО Илинден Пирин, повикуваќи се на Законот за официјализирање, како меѓудржавен договор за правна помош склучен меѓу Бугарија и Југославија во Софија на 23 март 1956 година.

Член 8 од него е категоричен дека за бугарската страна, документите пополнети на македонски јазик се легитимни, прифатливи и правно – обврзани да ги прифатат како важечки пред сите судски и административни органи во Бугарија.

Договорот и денес важи, и е преземен од наследничките на СФРЈ, меѓу кои и Македонија.

Но, веројатно залудни се укажувањата на ОМО Илиден – Пирин, кога самите тие и организацијата не можат да ги остварат своите основни човекови права и права на здружување, а да не зборуваме за право на мајчин јазик, кој Софија упорно го брише со гумичка, а тој уште поупорно се појавува, како да е напишан со трајно мастило.

И кога МНР на Бугарија ќе каже: „Бугарија ќе продолжи да има јасна и конзистентна позиција кон Република Северна Македонија. Нема дополнителни услови освен спроведување на сите аспекти од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, тогаш читајте дека нема дополнителни услови, освен да го поништи македонскиот народ и идентитет, или ,,ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ  ДРЖАВИ‘‘

Просто е неверојатно сите да го гледаат/читаат тоа, само не оној јаден Филипче  и тоа што му остана од СДСМ.

Неверојатно е кога премиерот, како глас на мнозинството им вели: Употребата на синтагмата „достапен јазик“ од страна на бугарската дипломатија не е само техничка грешка, туку пресметан политички маневар кој ги одразува историските позиции на Бугарија кон македонската посебност. Инсистирањето за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот не е крајната цел, туку само инструмент за поширока стратегија која води кон комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“.

Навистина, не го гледаат или не сакаат да го видат тоа?

ПС

Доаѓа момент кога грешките или пазарот од минатото ќе мора да се плати. СДСМ веќе плаќа и тоа со камата. Ако продолжи да не си ја признава грешката, ќе плати со политички БАНКРОТ,и ќе го снема.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Празнична магија во Битола: Коњановски на концертот на народни и црковни песни

Следно

Мелони: Не верувам дека САД ќе го нападнат Гренланд

Latest from Blog

Зеленски: Дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечервашно обраќање изјави дека дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен. „Разговарав со Кирил Буданов (началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството

Прогласен е најопасниот град во светот, ВО ЕВРОПА ТОА Е – МАРСЕЈ

По него следуваат Преторија (Јужна Африка), Каракас (Венецуела) и Порт Морсби (Папуа Нова Гвинеја). Питермарицбург е град со богата, но и многу турбулентна историја. Тој е главен град на покраината Квазулу-Натал во

ЗИМСКИ БРАН НА ВИРУСИ Носете маски, бројот на заболени нагло расте

Поради зголемениот број заболени од респираторни инфекции, Институтот „Батут“ и Министерството за здравство ги предупредуваат граѓаните да внимаваат особено во затворени простории. Во текот на зимските месеци, чекалните повторно се полни со
Go toTop