Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството

January 8, 2026
1 min read

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија.

„Генерално луѓето во правосудството се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран, и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, коишто се рецидив на поранешната влада на СДСМ и ДУИ и коишто жестоко се борат за тие коишто ги поддржале да добијат некаква бенефиција, позиција итн“, вели Мицкоски.

Според него, постојат два клучни моменти кои што влијаеле на распадот на правдата, од кои  првиот е изборот на судиите во парламентот, во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, а вториот е измените во Кривичниот законик што ги донесе владата на СДС и ДУИ.

„Првото е оној избор на судии во парламентот, кога се бираа судиите во парламентот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во парламентарна опозиција, мислам дека беше во 1996 година. И второто е сега, кога владата на СДСМ и ДУИ пред одење практично ги донесе измените во Кривичниот законик и кога избриша еден добар дел од членот 353 тој фамозен член 353, поради две причини“, рече Мицкоски и додаде:

„Првата е за да се амнестираат себе си и втората причина е, на тој начин мислеа дека ќе амнестираат некого, којшто ќе може во тоа време да нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Успеаја во првиот дел од својата намера, во вториот дел не успеаја. ВМРО-ДПМНЕ денеска е поголема од сите политички партии заедно“.

Мицкоски истакна дека сите оние од претходната влада на СДС и ДУИ, секогаш ќе се повикуваат на поповолниот закон.

„Тие секогаш ќе се повикуваат на поповолниот за нив закон, а за нив поповолен закон е овој моменталниот сега, кога е избришан членот 353 став 5 кога други делови од Кривичниот законик се избришани. Секогаш ќе се повикуваат на тоа, без разлика ние од сега натаму каков закон ќе донесеме, и од сега натаму какви измени ќе направиме. Сите оние од претходната влада кога ќе дојдат на судско рочиште ќе речат се повикувам јас на законот кој што беше од тогаш до тогаш, бидејќи тоа е во тоа време. И тука е најголемиот проблем“, посочи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бејта: По 11 јануари ја враќаме институционалната грижа за сите населени места во Гостивар

Следно

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop