ФОТО: Ѓорѓиевски со сопругата и сопругата на Мицкоски подготвија 250 топли оброци за бездомните лица

January 4, 2026
1 min read

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник упатија силна порака за хуманост и солидарност.

Денешниот ден беше посветен на човечноста, при што со заеднички ангажман, љубов и посветеност беа приготвени повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот Крст, таму каде што секој гест значи надеж, а секој оброк значи грижа.

-Во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со тешки животни предизвици, наша човечка и општествена обврска е да подадеме рака. Затоа што хуманоста не е избор, туку темел на едно здраво, солидарно и праведно општество. Овие луѓе ја заслужуваат нашата грижа и почит, но најмногу, дела. Токму затоа, со директорот на училиштето и со Марк се договоривме оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да помогнеме на што поголем број сограѓани. Дополнително, се обврзувам да работиме и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии, вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот нагласи дека малите дела на добрина имаат огромна моќ – да внесат светлина, надеж и верба во луѓето. Особено во време на големи празници, кога топлината на човечкото срце значи најмногу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалска Србија тагува: Почина Милорад Косановиќ

Следно

Нострадамус го предвидел ужасот во Швајцарија? Ова се неговите пророштва за 2026 година

Latest from Blog

Питачите мора да се отстранат од улица – надлежните сериозно да пристапат кон решавање на овој проблем

Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, го продолжува проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното

Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

Во последниот дуел од денешната Примера програма,екипите на Алавез и Осасуна одиграа реми 2:2. Дуелот стартуваше со гостинско водство, а стрелец е Рослер кој погоди во четвртата минута. Домаќинот преку Мартинез во
Go toTop