Проблемите надминати, платата исплатена: МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

January 2, 2026
1 min read

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.

– Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт. На средбата отворено разговаравме за проблемот и ја известуваме јавноста дека истиот е надминат, исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

МЖ Транспорт, дополнува Димовски, продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предзвиците со кои се соочува претпријатието.

Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот  се на релациите Скопје – Гвегелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 минути.

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови.

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за  реализација на барањата на синдикатот за  исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалерот на Мец е повреден во големиот пожар во Кран – Монтана

Следно

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Latest from Blog

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека
Go toTop